Македонија

„Фол“: Генсекот Фатон Ахмети предизвика голем револт во ДУИ со своите игри: членството ги напушта, а поддржувачите преминуваат во Вреди!

„Според последните анкети, во Тетово загубата на целата опозициска коалиција Национална алијанса за интеграција на локалните избори ќе биде 4 спрема 1 во корист на коалицијата Вреди. – нагласува информативниот портал „Фол“.

„За да се спаси себеси и својата политичка кариера, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети ја доведе својата партија во Тетово до колапс: членството си заминува, поддржувачите им го вртат грбот.“ – истакнува информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата информација со наслов „ДУИ во Тетово се празни, игрите на Фатон Ахмети ги оддалечуваат структурите и поддржувачите“.

Натаму порталот наведува: Како што велат самите членови на огранокот на ДУИ, по информациите дека ќе претрпи дебакл во населбата Теќе во Тетово, од каде што е и самиот, Фатон Ахмети, за да ја спаси својата политичка кариера, на листата на советници ставил тројца кандидати од неговата населба „Теќе“, главно луѓе, кои се премногу блиски до него, за да го заштитат него и неговата позиција во ДУИ.

Ова предизвика голем револт, бидејќи активните структури на ДУИ и другите подограноци беа игнорирани и предадени. Ова игнорирање ги натера да ги напуштат ДУИ и опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција. Хаос се прошири и низ целиот огранок на ДУИ во Тетово, чии членови веќе си заминаа и преминуваат на поддршка за Вреди.


Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top