Македонија

Мицкоски: Идентификувани се 20-тина лица поврзани со пожарите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, изјави дека утрово се појавила видео-снимка што покажува подметнување на пожар во скопската населба Пинтија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, изјави дека утрово се појавилa видео-снимка што покажува подметнување на пожар во скопската населба Пинтија, и дека бил континуирано на врска со градоначалникот на Општина Кисела Вода, министерот и екипите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Видовте утрово, се појави снимка како се случува подметнување пожар во Пинтија, бев континуирано на линија со градоначалникот на Општина Кисела Вода и со министерот и со луѓето од ППЕ“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за текот на истрагата за серијата пожари во Скопје.

Оваа изјава доаѓа во контекст на вчерашниот пожар во сервис за возила во Пинтија, каде што видео-снимката сугерира подметнување, со фигура во дуксерка видлива во раните утрински часови. Пожарот, кој избувна околу 4 часот наутро на 15 септември, уништи повеќе возила и запаливи материјали, а беше изгаснат од екипите на ДЗС со осум возила пред 6 часот, без повредени.

Мицкоски, кој во изминатиов период повеќепати се осврна на пожарите во Скопје (вклучително во Дрисла, Трубарево и Вардариште) како на организирани акции од „центри на моќ“ во земјава и надвор, истакна дека има 20 осомничени за подметнувањата.

Ова ќе продолжи, тие ќе продолжат да подметнуваат, да креираат паника, а ние ќе продолжиме да работиме и да се бориме“, нагласи премиерот, повикувајќи се на информации од безбедносните служби. ДЗС и МВР работат на утврдување на сторителите, а граѓаните се апелирани да пријавуваат сомнителни активности за да се спречи ескалација на овие инциденти.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top