Македонија

Одложени две судски расправи за случајот „Геријатрија”, еден од обвинетите имал здравствени проблеми

Здравствени причини

Поради здравствени причини на еден од осомничените во случајот „Геријатрија“, отповикани се двете главни судски расправи од кои едната требаше да се одржи денеска, а другата на 18 септември, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Одбраната на обвинетиот Блерим Амити, кој се гони за примање награда за противзаконито влијание, доставила до судот медицинска документација оти Амити не може да присуствува на расправите.

Судењето, како што велат од Кривичен, ќе продолжи на следниот утврден термин на 20 октомври.

Во случајот „Геријатрија“ обвинет е и Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје кој се гони за примање поткуп.

Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20 000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата.

https://expres.mk/makedonija/eksdirektorot-na-gerijatrija-ne-se-chuvstvuva-za-vinoven-veli-ne-baral-mito-bilo-nedorazbiranje/

На минатото рочиште обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар.

Според обвинителката Искра Хаџи Василева, случајот е пример за длабоко вкоренета корупција во општеството.

Хаџи Василева вели дека станува збор за директно, грубо барање мито од страна на директорот – износ кој бил предмет на преговори, а на крајот бил прифатен како минимален за да се изврши службено дејствие што инаку морало да се изврши без надомест.

Одбраната на обвинетите најави дека во текот на кривичната постапка ќе презентира докази во вид на статут, процедури и законски преку кои ќе бидат отворени неколку правни прашања со цел да се докаже дека Арифи, како и Амити, не можеле, односно немале намера да извршат какво било кривично дело.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) обвинителниот акт го поднесе на 4 јули годинава.

Најнови вести од: Македонија

ЕУ презеде мерки да ја принуди Бугарија да го намали прекумерниот долг

Бугарија се соочува со казнена постапка од ЕУ поради прекумерен нов долг, соопштија денеска властите во Брисел. Советот на Европската унија – телото што ги претставува владите на земјите-членки на ЕУ – ја следеше препораката на Европската комисија од јуни за започнување на постапката. Целта на „постапката за прекумерен дефицит“-ЕДП (EDP) е да ги доведе […]

Мицкоски: Парламентарното мнозинство на коалицијата „Твоја Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се зголемува на 59 пратеници!

Денес направивме уште еден значаен чекор во насока на зацврстување на парламентарното мнозинство и обезбедување политичка стабилност, како неопходен предуслов за продолжување на реформите, реализација на проектите и исполнување на обврските што ги презедовме пред граѓаните. Верувам дека токму така се гради силна држава – кога политиката не создава нови поделби, туку нови партнерства; кога не се бројат разликите, туку заедничките цели; и кога сите што искрено сакаат да допринесат за напредокот имаат место во заедничкиот пат кон подобра иднина. Продолжуваме посветено, одговорно и со уште поголема енергија. Граѓаните очекуваат резултати, а наша должност е секој ден да ја оправдуваме нивната доверба со работа, реформи и исполнети ветувања, информира премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Драма денес во авионот на „Рајанер“ над Македонија за малку ќе се претвореше во трагедија: патници држеа Србин (61) да не излета низ скршениот прозорец на авионот!

Патник (61) од Србија е повреден во денешниот инцидент на авион на „Рајанер“, кој присилно се врати на аеродромот во Солун по откриен дефект на моторот во текот на летот над Македонија. Грчките медиуми објавија дека тој бил спасен од безбедносниот појас и од другите патници, кои го држеле и го влечеле, за да не излета од авионот низ скршениот прозорец!

„Н.М.“: Брисел зборува за „прва и втора ЕУ-лига“, а Трамп ја смести Европа во трета лига!

„Кога американскиот претседател Доналд Трамп деновиве напиша дека ‘Европа станува земја од Третиот Свет’ не употреби само навредлива политичка квалификација. Во јавниот говор денес ‘Трет Свет’ најчесто се користи како синоним за сиромаштија, хаос, криминал, корупција, неразвиеност и нефункционални институции. Со текот на времето, поимот почна да означува не политичка припадност, туку степен на развој. Европа во неговата порака претставува пример што, според него, САД треба да го избегнат.“ – се нагласува во анализата со наслов „Брисел зборува за ‘прва и втора ЕУ-лига’, Трамп ја смести Европа во трета лига“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Стојаноски: Ќе прифатиме сè што ќе договорат опозициските партии, ако остане гласањето на дијаспората

Стојаноски денеска ја повика опозицијата да постигне договор за измените на Изборниот законик, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство ќе ја поддржи секоја варијанта што ќе ја усогласат опозициските партии

Најнови вести

To top