Македонија Регион

Мицкоски: Без Македонец во бугарскот комитет за малцинства – нема Бугари во Устав

Ова од говорница на денешната седница за пратенички прашања го порача премиерот Христијан Мицкоски. „ Не знам дали сте знаеле, ама во Бугарија има Комитет за малцинства во кој членуваат претставници на Роми, Турци, Ерменци. А, ние Македонците, кои имаме 14 пресуди во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој […]

Ова од говорница на денешната седница за пратенички прашања го порача премиерот Христијан Мицкоски.

„ Не знам дали сте знаеле, ама во Бугарија има Комитет за малцинства во кој членуваат претставници на Роми, Турци, Ерменци.

А, ние Македонците, кои имаме 14 пресуди во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој комитет, а тие заслужија место во нашата Преамбула.

Додека не видам таму Македонец кој е дел од тој комитет, нема ни милиметар да мрднам додека сум премиер“, порача премиерот

Во врска со уставните измени, Мицкоски истакна дека обврската за нивното спроведување ја презела претходната влада со прифаќањето на Францускиот предлог.

Тој рече дека актуелната влада изработува стратегија како да го надмине овој предизвик, но без да се отвораат нови барања и отстапки.

„Кога го имате овој факт, седнувате како влада и правите стратегија. Гледате што добиваат граѓаните и државата.

А, кога министерот за надворешни работи на источниот сосед ќе каже дека ова е само почеток, а не крај на барањата – тогаш е јасно дека мора да се размислува државнички“, изјави премиерот.

Говорејќи односите со Европската Унија, Мицкоски го најави извештајот на европскиот известувач за Македонија, кој вклучува признавање на засебен македонски идентитет и јазик.

Тој го оцени ова како историски момент, бидејќи за првпат Европскиот парламент ќе гласа за таков документ, и ги повика пратениците од опозицијата да лобираат кај нивните европски колеги за негово усвојување.

Сепак, премиерот предупреди дека и покрај поддршката од некои европратеници, реакциите од бугарска страна и поднесените амандмани не влеваат оптимизам.

„Ќе видиме дали европратениците од Бугарија ќе се однесуваат проевропски, или како што досега покажуваат – како од Средниот век“, изјави Мицкоски.

Гласањето по извештајот во Европскиот парламент се очекува во јули, а во меѓувреме, според Мицкоски, Владата останува цврсто на позицијата – нема уставни измени без реципроцитет од Бугарија и без јасно видлива промена на нејзиниот однос кон македонското малцинство.

Најнови вести од: Македонија Регион

Тошковски: Има хибриден напад кон државата, но и премногу случајности околу пожарите!

Запрашан дали дали мотивот за овие хибридни напади преку пожари е и да се урне оваа Влада на Република Македонија, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кратко одговори: Има и такви индиции. Клопчето почна да се одмотува! Поголема група од повеќе од 20 лица се вмешани на ваков, или на таков начин, во сите овие процеси.“

Мицкоски го посети Центарот Лидл Македонија во Куманово – вложување од 115 милиони евра со 230 работни места, кој ќе се изгради во 2026

„Овој логистички центар подразбира свежи производи за македонските потрошувачи во секоја продавница, секој ден. Ова е можност и за македонските производители да ги намалат трошоците, односно да ги складираат своите производи овде како централна локација.“ – изјави Милена Драгијска, извршната претставничка на Лидл.

Опозицијата шири лаги за пожарите мислејќи дека ќе освои политички поени, вели премиерот

Опозицијата го прави ова затоа што мисли дека на овој начин, со таа стратегија, ќе добие политички поени и ќе добие поддршка од граѓаните. Дури и ако сè што коментираат е вистина, а ништо не е вистина, тогаш се поставува прашањето што прават за да помогнат во процесот, рече Мицкоски.

Македонската метропола како голема депонија – Скопје се „дави“ во ѓубре, граѓаните бесни

Вработените во повеќе јавни комунални и водоснабдителни претпријатија се соочуваат со ниски плати и нивна нередовна исплата, неисплаќање на регрес за годишен одмор, немањето на работна и заштитна опрема, истакна претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски.

Предизборна провокација на Дехари кон Македонците: Нека се вее албанското знаме над Кичево, да се обединат и да се мобилизираат Албанците!

Дали се уште постојниот градоначалник на Кичево и кандидат на ДУИ за четврти таков мандат Фатмир Дехари смета дека овој град и општина се некаква „етничка сопственост“ на Албанците и на неговата партија? Бидејќи, организацискиот секретар на ДУИ и поранешен вицепремиер Артан Груби, сега веќе бегалец од правдата, на предизборен митинг на ДУИ во Кичево спроти локалните избори во 2021 година ќе каже: „Кичево е воен плен од 2001 година и Македонец не смее да биде градоначалник на Кичево!“

To top