Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за кочанската трагедија

Злонамерен и монструозен обид преку дистрибуција на фотомонтажи и лажни обвинувања кон претседателот на Владата и други функционери

Овие содржини беа објавени на интернет страницата ubijcitenakocani.com. Според јавниот WHOIS-извештај објавен на whois-страницата, доменот е регистриран вчера, на 16.9.2025. Од WHOIS-записот не се гледаат јавни детали за вистински регистрант или крајни сопственици. Ова јавно отсуство на податоци, во комбинација со именуваните name servers и регистратор, укажува на обид за анонимност и прикривање на вистинските нарачатели и сопственици на сајтот, што дополнително ги засилува сомнежите дека станува збор за намерна, организирана кампања со цел политичка манипулација и сокривање на траси кон вистинските иницијатори, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„За ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека зад вакви обиди стојат структури блиски до Венко Филипче и неговите инсталации, кои со години злоупотребуваат политиката и јавниот простор за лични и партиски цели.

ВМРО-ДПМНЕ повикува на итна реакција на надлежните институции. Не сакаме да веруваме дека некој сака по уште еден пат да предизвика болка, овојпат преку гнасна политичка злоупотреба на оваа трагедија. Зарем Обвинителството ќе остане немо на вакви содржини кои директно шират омраза, дезинформираат и претставуваат закана за безбедноста на луѓето? Дали институциите ќе ги испитаат регистраторските траги и ќе утврдат кои стојат зад анонимниот сајт и кој ги нарачал овие монструозни материјали?

Јавноста мора да знае дека обидот да се оцрни политичкиот противник преку вакви монструозни конструкции не е ништо друго освен признание за немоќ и недостаток на идеи. Болката на семејствата мора да остане света и недопирлива, а не инструмент за најниска политичка злоупотреба.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на демократијата, дијалогот и решавањето на проблемите на граѓаните преку одговорни политики, а не преку ширење на омраза и лаги“ се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Сомнежи на полицијата: ЈП „Водовод“ и општина Гостивар со три пумпи вбризгувале отпадни води во гостиварскиот водовод и го загрозиле здравјето на граѓаните!

Инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера попладне постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар. – Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот. Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Банов: Ревизорите за 2024 година, утврдиле дека ПОЦ отпишала над 3 милиони денари долгови

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет по допрен глас за работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“

Манасиевски: Коалицијата СДС-Левица-ДУИ го спречи изборниот закон, за да глумат жртви и да имаат алиби за следните избори, кои историски ќе ги загубат!

„Опозицијата доби бланко-лист за исполнување желби за изборниот закон, но го одбија, за да глумат жртви. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ сметаат дека тоа ќе им донесе политички поен повеќе.“ – соопшти портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

To top