Македонија

Мерко за речиси 7 милиони денари „го осветлил“ Дрим

На фирма од струшкото село Мислодежда ѝ биле исплатени 6.763.722 денари, а за таа сума е оштетен буџетот на Општина Струга

Основното јавно обвинителство во Струга поднесе уште едно обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Овој пат, за склучување договор за осветлување на дел од коритото на реката Црн Дрим, без согласност од водостопанската служба од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Осомничениот, во периодот од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице, градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за осветлување на дел од коритото на реката Црн Дрим, без претходна согласност за обезбедување согласност за управување со водите од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со ова, избраниот изведувач можел да постави опрема за осветлување во речните води во должина од 900 метри од двете страни на речното корито, иако обвинителството презело неколку дејствија во текот на постапката и обезбедило вештачење според кое таквата инсталација за осветлување негативно влијаела врз водниот режим, морфологијата на површината на водата и хидробиолошкиот систем во реката“, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

За реализација на проектот, на правното лице од струшкото село Мислодежда му се исплатени 6.763.722 денари, а за таа сума е оштетен буџетот на Општина Струга.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top