Македонија

Емисија која може да им го зацрни животот на Зоран Витанов и партнерите во Лајонес/Лајконет (ВИДЕО)

На наивните им се продавале ,,Облаци” а на крајот добиле само магла

Денешното издание на емисијата Еспресо со Златев може да им го зацрни животот на Зоран Витанов и домашни и странски партнери во компаниите Лајонес/Лајконет и други.

Според сведочење на жртви на измама вредна милиони инволвираните наведувале луѓе да инвестираат во ,,Облаци” и други слични механизми.

Двајцата гости во емисијата го објаснуваат системот преку кој се привлекувале граѓани инвеститори да даваат пари а никогаш не добиле поврат на парите.

Еден од сведоците вели дека таа и нејзини блиски луѓе со кои веќе не зборува дале над 100 илјади евра на фирмите кои ги промовирале Зоран Витанов и неговите партнери.

Другиот сведок тврди дека во Македонија има меѓу 15 и 20 илјади луѓе кои инвестирале во, според водителот Златев, пирамидални шеми.

Во три видеа објавени во емисијата Зоран Витанов објаснува зошто треба да се инвестира во оваа шема и зошто на луѓето им се чинело дека се работи за добра инвестиција.

Витанов во своите уверувања користи техники на убедување кои се речиси совршени а споменува и библиски мотиви во обидот да прикаже дека се работи за одличен бизнис и инвестиција.

Зошто сериозни луѓе интелектуалци поверувале во оваа шема може да се разбере од емисијата која дава преглед на настаните за финансиската измама која може да е една од најголемите по штедилницата ТАТ и Еуростандард Банка.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top