Македонија

Мицкоски: Има центри на моќ, кои кои не ѝ сакаат добро на Македонија, но граѓаните да бидат спокојни, институциите ги надминуваат предизвиците

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ѝ се обрати вечерва на најшироката јавност во земјата со порака дека надлежните државни институции реагираат и соодветно и исклучително брзо во справувањето со предизвиците, пред кои се става македонската држава, поради хибридните напади врз неа од страна на центри на моќ, кои целат на влошување на ситуацијата во Македонија.

„Состојбата е под контрола. Граѓаните треба да бидат мирни, спокојни. Институциите секогаш кога се пред предизвик се организираат исклучително брзо.“ – изјави премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за ТВ Алсат во врска со пожарите и тврдењата за постоење индиции за хибридни напади. Тој нагласи дека има повеќе од 20 тужби против функционери на ДУИ, но и оти тие се на слобода, бидејќи за ова одлучуваат судот и обвинителството

На прашање дека, наводно, „тој и неговата партија на некој начин го зголемуваат рејтингот на ДУИ“, премиерот Мицкоски одговори отсечно дека би можел да го зголеми само рејтингот на ВМРО-ДМПНЕ.

ТВ Алсат: Зошто го зголемувате рејтингот на ДУИ?

Мицкоски: Во која смисла?! Единствениот рејтинг, што би можел да го зголемам е рејтингот на ВМРО-ДМПНЕ. Ја обвинуваме ДУИ, затоа што таа партија беше на власт 22 години. Моите изјави поврзани со криминалот и корупцијата се тесно поврзани со високи функционери на ДУИ, а во случај да видите зголемување на рејтингот тука… Ако мислите дека дека така го зголемив рејтингот на ДУИ, тогаш ние на различни начини ја гледаме политиката. Досега имаме повеќе од 20 кривични пријави против функционери на ДУИ. Што се однесува до тоа зошто тие се уште се на слобода, за тоа треба да го одлучат судот и обвинителството. Јас реков дека ДУИ ќе биде во опозиција, а тие се во опозиција веќе 15 месеци. – посочи Христијан Мицкоски во интервјуто за ТВ Алсат.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top