Македонија

Илија малтретирал пет девојки, Росица била само една од нив

Убиецот на 31-годишната Росица Коцева од Велес, идентификуван како Илија Стефановски, бил евидентиран во полициските станици во Скопје уште пред повеќе од една деценија

Убиецот на 31-годишната Росица Коцева од Велес, идентификуван како Илија Стефановски, бил евидентиран во полициските станици во Скопје уште пред повеќе од една деценија. Хелсиншкиот комитет за човекови права потврди за медиумите дека четири други девојки од 2013 година наваму го пријавувале истиот човек поради систематско малтретирање, следење, закани и навредливи графити испишани за нив и нивните семејства на јавни места низ градот. Овие пријави, вклучително и за загрозување на сигурноста и телесни повреди, не довеле до доволна заштита, што кулминирало со трагичното двојно убиство на Росица и нејзиниот татко Киро Коцев (68) на 15 септември 2025 година во Велес.

Една од поранешните партнерки на Стефановски сподели детално сведоштво за „Слободен печат“ од периодот 2013–2014 година, кога била во врска со него околу 1,5 година. Таа опиша како не можела да се ослободи од неговото посесивно однесување: „Тој се заканувал дека ќе си го одземе животот ако не му се вратам. Во една прилика ми го одзел телефонот и испраќал пораки во мое име, па дури и закани по животот кон мојата сестра. Јас ги пријавив тие закани во полиција, ми го вратија телефонот, но тој веќе испраќал мејлови претставувајќи се како мене за да ми го уништи професионалниот развој“. Дополнително, таа била нападната на улица, удрена по главата и завршила во болница, а графити со навреди продолжиле да се појавуваат низ Скопје. „По 13 години, потсвесно ми беше очекувано дека вакво нешто ќе се случи“, заклучи таа, истакнувајќи го неуспехот на системот да реагира навреме.

Оваа трагедија ја отвора дебатата за системски пропусти во борбата против семејното насилство во Македонија. Адвокатот Јанаки Митровски за „Телма“ нагласи дека постојат најмалку три клучни фактори за фемицидите: недоволна имплементација на мерки за заштита, отсуство на превентивни протоколи и потреба од итни законски измени. „Насилниците мора да се приведуваат поради ризик од повторување на делото, а не само со условни казни кои лесно се укинуваат“, рече Митровски. Хелсиншкиот комитет бара темелна истрага за одговорноста на институциите, вклучително МВР и обвинителството, кои постапувале по пријавите на Росица уште од почетокот на 2025 година, но без ефикасни мерки. Закажан е протест пред МВР на 18 септември, каде граѓаните и активистите бараат реформи за да се спречат вакви случаи.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

To top