Македонија

Локализиран пожарот во Батинци

Директорот на ЦУК Мухамед Али бил на местото на пожарот и ја координирал целата акција

Локализиран е пожарот во село Батинци, општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– По избувнувањето на пожарот во близина на село Батинци, благодарение на брзата реакција и координацијата на компетентните екипи, огнот е ставен под контрола и моментов не претставува закана за жителите и околните објекти, се наведуав во соопштението.

Директорот на ЦУК Мухамед Али бил на местото на пожарот и ја координирал целата акција. За справување со пожарот биле активирани два авиони-ератрактори, еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, како и единиците на пожарникарите од Скопје, кои, како што се наведува, со висока професионалност успеаја да го локализираат жариштето.

Екипите остануваат на терен за следење на ситуацијата до целосно гаснење на пожарот и за спречување на евентуално повторно активирање.

Најнови вести од: Македонија

Формиран кризен штаб во МНР: Подготвителни активности за евакуација

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) вчера формира кризен штаб кој работи 24 часа на располагање, поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток по заедничките американско-израелски напади врз Иран.

To top