Свет

Сијарто: „Антифа“ е закана за Европа, мора да го следиме Трамп

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, ја повика Европската Унија да го следи примерот на Доналд Трамп и да го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација.

facebook.com/szijjarto.peter.official

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, ја повика Европската Унија да го следи примерот на Доналд Трамп и да го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација.

-Унгарија е убедена дека Европа мора да ги координира своите активности со оние на Соединетите Американски Држави по толку важно прашање, објави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на „X“.

Сијарто тврди дека во последните години, поединци и групи поврзани со „Антифа“ извршиле бројни терористички напади во ЕУ, вклучително и во Германија, Франција и Италија.

„Оваа насилна мрежа на крајната левица извршила брутални напади низ цела Европа, вклучително и во Будимпешта“, рече тој.

-За наше големо жалење, осомничените потоа ја избегнале правдата наоѓајќи засолниште во земјите-членки на ЕУ кои одбиле да ги екстрадираат во Унгарија“, напиша Сијарто во писмо до шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

Тој тврди дека „Антифа“ претставува сериозна закана за безбедноста на граѓаните на ЕУ.

Во средата, американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи движењето „Антифа“ за терористичка организација, една недела по атентатот врз ултраконзервативниот активист Чарли Кирк.

Појавувајќи се во САД по првите избори на Доналд Трамп во 2016 година, „Антифа“ е повеќе како движење отколку организирана група. Нема лидер и нема формална структура, туку неформални групи кои работат независно, објаснува американскиот историчар Марк Бреј, автор на референтна книга на оваа тема.

Најнови вести од: Свет

Илјадници пожарникари во Австралија се борат со најлошите шумски пожари по „Црното лето“ од 2019-2020 година

Во Австралија повеќе од 130 објекти, вклучувајќи куќи, се уништени, а околу 38.000 домови и бизниси останаа без електрична енергија од пожарите, соопштија властите, додавајќи дека ова се најлошите пожари во државата од таканареченото „Црно лето“ од 2019-2020 година, кога шумските пожари уништија област со големина на Турција и убија 33 Австралијанци.

Челникот на швајцарскиот кантон гневен, поради изостанувањето инспекции во барот, во кој загинаа 40 луѓе

Челникот на швајцарскиот кантон каде што 40 млади луѓе загинаа во пожар во бар на новогодишната ноќ го изрази својот гнев поради тоа што локалните власти речиси шест години не извршиле никаков увид во објектот во кој се одигра трагедијата, додека обвинителите ги засилуваат своите напори да ги повикаат одговорните на одговорност. 

„Политико“: „Патриотите за Европа“ се закануваат дека ќе ги кренат во воздух ЕК и Лаен, но ќе им пропадне обидот да им изгласаат недоверба!

Претседателот на групата „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент лидерот на партијата Национално собирање на Франција Џордан Бардела го објави планот за предлог за изгласување недоверба на Урсула Лаен во четврток вечерта на општествената платформа икс. Неговата партија Националното собрание на Франција, се спротивставува на трговскиот договор меѓу ЕУ и јужноамериканскиот блок Меркосур, за кој се залагаше фон дер Лаен. Квалификувано мнозинство од земјите-членки на ЕУ во петокот го одобрија долгоочекуваниот трговски договор, на кој се спротивстави Франција. „Се надевам дека ќе го поднесеме [предлогот за недоверба] на гласање оваа јануарска седница.“ – изјави за „Политико“ висок функционер на групата „Патриоти за Европа“.

Водачот на најбројната бунтовничка група во Колумбија ФАРК повика на „обединување за борба против американска интервенција“

Водачот на најбројната бунтовничка група на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC), Нестор Грегорио Вера, во видео порака, повика на обединување на сите герилци во оваа латиноамериканска земја со цел „борба против американската интервенција“. „Сенката на интервенционистичкиот орел се надвива подеднакво над сите. Судбината нè повикува да се обединиме. Ние не сме раштркани сили, ние сме следбеници на истата цел. Да го покажеме нашето единство со дела и да создадеме голем блок со кој ќе го истиснеме непријателот од нашата татковина“, им порача Грегорио Вера на членовите на Националната ослободителна армија (ELN) и Боливарската герилска армија, групи кои се отцепија од FARC.

Алис Вајдел, АФД: ЕУ и нејзината диктатура мора да бидат распуштени, Урсула Лаен не може да ја одредува судбината на Европа!

Алис Вајдел, претседателката на десничарската партија Алтернатива за Германија, им се обрати на граѓаните на Германија во видео-порака, во која го најави можното „излегување на Германија од Европската Унија“, ако оваа десничарска партија застане на кормилото на германската држава. Според анкетите спроведени од неколку истражувачки агенции од почетокот на јануари оваа година, германската партија AfD (Алтернатива за Германија) води со неколку процентни поени и е на врвот на германските партии, кои уживаат најголема доверба кај Германците.

Најнови вести

To top