Македонија

Што да садите во градовите, кои видови растенија успеваат и од каде да ги набавите?

Секое дрво е мал придонес кон голема промена

Колективната свест за животната средина во градовите освен што е на високо декларативно ниво, во пракса сведочиме дека со постапките  делуваме ирационално, со безумие. Како да сме позајмиле непресушен ресурс, како иднината да ни е загарантирана независно од нашето деструктивно влијание? Во многу општествени случувања и проекти немаме директно влијание. Но доколку ние самите нешто превземеме, сигурно во нашето дело ќе се препознаат и други сограѓани   кои индиректно ќе бидат охрабрени за нивните сродни планови.

Доколку отпадот го селектираме и соодветно го депонираме ?Доколку водата и електричната енергија ги трошиме рационално? Доколку сите вложиме малку повеќе време и ентузијазам во садење растенија и грижа за зелените површини, градовите би станале многу позелено и поубавоместо за живеење.

Секое дрво е мал придонес кон голема промена. Би имале повеќе сенки на улиците и парковите, помалку прашина и загаденост, подобар квалитет на воздухот, повеќе пејзажишто повикуваат на прошетка, одмор и дружба, помалкубетон и асфалт, и повеќе живот и боја во нашиот живот.

Што да садиме во градска средина?

Неколку видови дрвја и грмушки и перени што добро сеприспособуваат на урбани услови, а не бараат премногугрижа. Ова се советите од ФОЈА!

Во градовите листопадните дрвја треба да имаат предност пред преостанатото зеленило доколку просторот е ограничен, бидејќи со нивната крошна некоку пати повеќекратно ја зголемуваат зелената површина во волумен. Како на пример : Јавор, Бреза, Даб, Габер, Јеребика, Бука, Трепетлика и многу други видови кои се отпорни на екстремни климатски влијанија и за соодветната позиција секојпат посои вид што ги поседува потребните карактеристики.

Од грмушки цветните и бујни Форзиции, Спиреи, Јасминиуми, Бербериси преку Хортензиите и Будлеите кои имаат убави цветови, добро успеваат на сонце ,во полусенка и со помалку вода. Па перените (трајните цветници), лаванда, рузмарин, божур…цветните луковици кокичиња, лалиња, зумбули кои се аватари на пролетта и не бараатмногу нега, како и многу многу други….

Токму во градинарскито центар ФОЈА кој слави 20 години, во следните 20 дена од вонсерискиот асортиман на надворешни растенија со роденденскиот попуст, може да набавите квалитетни садници, со најдобриот градинарски совет . Тука ве чекаат над 470 различни видови растенија, во разни форми, бои и големини. Има за секого по нешто.

Одберете го најубавото растение ! А кое е тоа ? Најубавото растение е здравото, со бујна зелена и раскошна крошна. Тоа се карактеристиките на секое едно кое ќе го одберете, само доколку биде посадено на соодветна позиција и барем минимално ја добие потребната грижа!  Затоа првенствено одберете соодветен вид за вашите услови и можности па потоа анализирајте ги декоративните својства.

Дрвјата, растенијата и цвеќињата прават просторот даизгледа убаво, пријатно, релаксирано и инспиративно. Немора да се креираат големи зафати – доволно е секој човекда посади нешто, за кое може да обезбеди грижа.

Корисните ефекти од растенијата може да се сместат во една дебала книга. Независно колку ни се познати секојпат е корисно да ги повториме најесенцијалните : Апсорбираатјаглерод диоксид (CO₂) и многу други штетни гасови, прашина и токсини од воздухот . Ослободуваат кислород. Произведуваат плодови. Нивните корења спречуваат ерозијана почвата и помагаат во задржување на водата.

Зелената лисна маса ја апсорбира топлината и ја разладува околината. Позитивно влијаат врз психичкото здравје. Престојот во природа или грижата за растенија може да гонамали стресот и да ја подобри концентрацијата и расположението. Со садење не само што придонесуваме консредината, туку го креираме и нашиот интимен простор и имиџ… “со малку создаваме многу`` .

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top