Македонија

Азизи: Општините, со кои раководеше ДУИ, беа општини на дембели, поради нула реализирани проекти!

„ДУИ немаат понуда ниту сега за овие локални избори, немаат ниеден стратегиски проект за општините, во кои живеат и Албанци!“ – наведува Аднан Азизи, шефот на Централниот изборен штаб на коалицијата Вреди, во интервју за весникот „Лајм“.

Шефот на изборниот штаб на коалицијата Вреди Аднан Азизи, во интервју за весникот на албански јазик „Лајм“ изјави дека сите општини, со кои раководела ДУИ, биле „општини со дембели“, поради, како што наведе, „нула реализирани проекти“.

„Лајм“ пишува: Според Азизи, „покрај тоа што ја задолжиле општина Тетово со околу 24 милиони евра, ДУИ не работеле на ниеден од проектите, ветени за оваа општина“.

„ДУИ нема понуда за локалните избори, нема ниеден стратегиски проект за општините, во кои живеат и Албанци. Општините управувани од ДУИ се општини со дембели, со нула реализирани проекти. Не знам со што можат да да се пофалат за досега и со што можат да истапат за овие локални избори. А што постигнаа оние општини, со кои раководевме ние додека бевме во опозиција? Општина Желино е пример во овој поглед. Општина Тетово има реализирано повеќе од 200 проекти. А додека ДУИ раководеше со општина Тетово ја остави со долг од 24 милиони евра и ние не знаеме за ниеден проект што е реализиран во Тетово.“ – изјави Аднан Азизи за „Лајм“.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top