Македонија

ЕУ – унија на стандарди или унија на двојни стандарди, Сиљановска на ,,Конкордија” самитот во Њујорк

Од Брисел зависи дали ЕУ ќе биде унија на правила или заедница на двојни стандарди.

Дали Европската Унија ќе биде унија на стандарди или унија на двојни стандарди е дилемата која што претседателката Гордана Сиљановска Давкова го постави на ,,Конкордија” самитот во Њујорк кој се одржува за време на Генералното собрание на ОН.

Пред водечки луѓе од светот на политиката, бизнисот, медиуми, невладини организации претседателката ги спореди проблемите на Светската организација во изнаоѓање мир во светот со проблемот на проширувањето со кој се соочува ЕУ.

,,Она што се ОН за светот, ЕУ е за Европа, мултилатерален проект со една врвна цел: мир на континентот.

Тоа се постигнува преку проширувањето врз основа на Kопенхагенските критериуми: демократија, владеење на правото, човекови права и слободи, и пазарна економија.

На самитот ,,Конкордија”, којшто се одржа на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк посочив дека ЕУ не може да го брани мултилатерализмот во светот ако го изневерува на својот континент”, порача Сиљановска Давкова.

Според неа од Брисел зависи дали ЕУ ќе биде унија на правила или заедница на двојни стандарди.

,,Проширувањето не е техничко прашање, туку тест за тоа дали ЕУ ќе го одбере патот на concordia или discordia, дали ќе биде Унија на правила и стандарди, или Унија на двојни стандарди и контрадикции.

Ние можеме да направиме се што е потребно во економијата, реформите, но сепак, нашите преговори зависат од нашите соседи.

За разлика од Скандинавија која ги поддржа балтичките земји за ЕУ нашите соседи често користат вето при приемот на нови членки.

За членство е потребен консензус и ако една земја не се согласува, не можете да станете членка на ЕУ. Затоа, крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување, што неодамна го потенцираше и претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен”, објави Сиљановска Давкова на својот Фејсбук профил.

Најнови вести од: Македонија

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top