Македонија

Николоски во Атина договара економска соработка и регионално поврзување

Ова е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоција на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти

Министерот за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис, соопштија од министерството за транспорт.

Ова е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоција на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти. На средбата беа потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата, транспортот и услугите. Беа презентирани стратешките приоритети на Владата во инфраструктурата и се потенцира важноста од поефикасно регионално поврзување како предуслов за забрзан економски развој на регионот. Се истакна силната одлучност на двете Влади за изградба на брзата пруга на коридорот 10, регионален проект кој ќе овозможи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа. На средбата се презентираа усовите за инвестирање во земјата како и можноста за поголема економска и трговска соработка меѓу бизнис заедницата на двете земји, се вели во соопштението.

На средбата заклучија дека соработката и реализацијата на проектите од регионално значење ќе продолжи во следниот период во насока на зголемување на ефикасноста на транспорот и меѓуграничната соработка, додаваат од министерството за транспорт.

Најнови вести од: Македонија

НЕОФИЦИЈАЛНО: За „Пулс“ уапсен и Драган Паунов, вработен во УЈП и брат на претседателката на Кривичен суд

Обвинителството во рамки на проширената истрага за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што на 16 март 2025 година однесе 63 млади животи и повреди над 200 лица, покрена кривични постапки против десетици осомничени за корупција, злоупотреба на службена положба и фалсификување документи.

Уште десетина приведени за пожарот во дискотеката “Пулс”

Вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи и од Државен пазарен инспекторат се опфатени со проширената истрага поврзана со пожарот и работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.

To top