Бизнис

За само три месеци банките ќариле над 72 милиони евра, колку милиони искреширале граѓаните за камати?!

Роди ме мајко со ксмет банкар да станам. Вака може да се протолкува старата народна за македонски услови. Додека стопанството постојано се жали дека е во криза, за македонските банки нема криза. Ако 2024 година ја завршија со рекордна добивка од речиси 283 милиони евра, одлично им оди и во првите три и месеци од […]

Роди ме мајко со ксмет банкар да станам. Вака може да се протолкува старата народна за македонски услови. Додека стопанството постојано се жали дека е во криза, за македонските банки нема криза. Ако 2024 година ја завршија со рекордна добивка од речиси 283 милиони евра, одлично им оди и во првите три и месеци од годинава. Заработиле речиси 72,6 милиони евра, објави ТВ21.

Податоците на Народната банка покажуваат дека само за три месеци од годинава банките наплатиле од граѓаните и бизнисот над 146 милиони евра само од камати. Само домаќинствата пак за камати платиле над 58 милиони евра во домашните банки. Бројките покажуваат дека нето-приходот од камати за банките бил речиси 113 милиони евра.

За надоместоци и разни банкарски провизии пак граѓаните и бизнисот оставиле 44 милиони евра во домашните банки. Нето приходот од провизии за банките, во првиот квартал годинава бил над 27 милиони евра.

Математиката покажува дека само за камати и провизии граѓаните и компаниите платиле над 190 милиони евра.

Но во кои банки завршил најголемиот профит?! Податоците на Народната банка покажуваат дека речиси цел колач завршил кај петте големи банки во земјава. Или од 72,6 милиони евра профит, кај нив завршиле 66,4 милиони евра. Остатокот го делеле трите средни и петте мали банки во земјава.

Финансиските извештаи на банките покажуваат дека најголема добивка за првите три месеци од годинава имаат три од најголемите банки, и тоа Комерцијална, НЛБ банка и Стопанска банка- Скопје. Комерцијална има најголем профит од над 19 милиони евра, потоа е Стопанска банка Скопје со 14 милиони евра, а добивката на НЛБ Банка 11 милиони евра. Податоците покажуваат дека трите најголеми банки имаат поголем профит од сите останати компании на Македонската берза.

Најнови вести од: Бизнис

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

Синдикалната минимална кошница за јуни тежи 68.654 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што е намалување за 88 денари во споредба со мај, кога за покривање на основните месечни трошоци на едно домаќинство биле потребни 68.742 денари.

Азески: Позитивен пресврт во дипломатијата – нашето претставништво во Брисел мора да е точка од која ќе тргнат промените

Ако членството во Унијата ни е целта кон која се движиме, нашето претставништво во центарот на ЕУ мора да биде точката од која ќе тргнат промените. Добро опремено, финансиски поддржано и подготвено за најголемите предизвици – да ја оставиме зад себе уравниловката и со пример да покажеме дека лидерството е врзано со целта и со темелните вредности, а тие, пак, со парите на граѓаните и со нивното добро.

To top