Свет

Предлог Тони Блер да ја предводи преодната влада во Газа

Експремиерот, кој ја предводеше Велика Британија во војната во Ирак во 2003 година, учествува во разговори на високо ниво со сите страни за да се стави крај на војната и да се планира иднината на палестинските територии по конфликтот.

Поранешниот британски премиер Тони Блер е во преговори да предводи преодна власт во Газа доколку се постигне прекин на огнот, објави Би-Би-Си.

Блер, кој ја предводеше Велика Британија во војната во Ирак во 2003 година, учествува во разговори на високо ниво со сите страни за да се стави крај на војната и да се планира иднината на палестинските територии по конфликтот.

Најновиот предлог, што го дискутираа американскиот претседател Доналд Трамп и арапските лидери во ОН оваа недела, е идејата Газа да биде управувана од преодно тело поддржано од ОН и земјите од Заливот, пред власта да им се врати на Палестинците.

Една опција е Блер да ја предводи власта, иако неговата канцеларија нагласи дека нема да поддржи ништо што би довело до протерување на жителите на Газа.

Во август, поранешниот британски премиер присуствуваше на состанок во Белата куќа со Трамп за да разговара за повоените планови за Газа…

Откако ја напушти функцијата во 2007 година, Блер помина неколку години како пратеник за Блискиот Исток за Квартетот на меѓународни сили (САД, ЕУ, Русија и ОН), фокусирајќи се на економскиот развој на Палестина и поставувањето услови за решение со две држави.

Како премиер, Блер беше одговорен за одлуката за испраќање британски сили во војната во Ирак во 2003 година, што беше остро критикувано од официјална истрага бидејќи се базираше на непроверени разузнавачки информации за постоењето на оружје за масовно уништување.

Разговорите за неговата улога во преодната влада за Газа доаѓаат откако палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера изјави дека е подготвен да соработува со Трамп и други светски лидери за спроведување на мир со две држави.

Абас ја отфрли улогата на Хамас во идното управување со Газа и побара нивно разоружување, пишува Би-Би-Си.

Порано оваа недела, Велика Британија официјално ја призна државата Палестина, заедно со Канада и Австралија, по што следеа и други земји како Франција и Данска…

Израел и САД го критикуваа потегот како „награда за Хамас“.

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top