Бизнис

Николоски-Памер: Реализација на капиталните проекти и унапредување на инфраструктурата

Унапредување на соработката во патниот сектор, авиосообраќајот…

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.

На средбата се разговараше за реализацијата на капиталните проекти, унапредување на инфраструктура и учеството на Македонија како рамноправен партнер во економското зајакнување и стабилизација на регионот.

Исто така на средбата се отвори темата и за проектот за брза пруга на Коридот 10, придобивките од реализација на овој регионален проект и подготовеноста на Австрија да се вклучи во истиот.

Двајцата говорници разговараа и за унапредување на соработката во патниот сектор, авиосообраќајот и сектори од заеднички интерес на двете земји.

На средбата се потврдија добрите билатерални односи, со посебен акцент на развивање на економските врски. Средбата ја искористија да разговараат и за зголемување на трговска размена и зајакнување на регионалната соработка.

Најнови вести од: Бизнис

Каматите мируваат, новите кредити поскапи – монетарно движење во април

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, наведува Народна банка. Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечно и годишно намалување од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,16%.

Ристески на средба со винариите: Упатен повик за аплицирање на достапната институционална поддршка

Владата и Министерството за економија и труд се партнери на домашните винопроизводители, само преку заеднички дијалог и соработка можеме да креираме квалитетни политики кои ќе овозможат долгорочен развој на македонската винска индустрија и лозарство.

To top