Македонија

(Видео): За три дена решен проблемот со радарот, претходно со години никој не се грижел за резервни делови

Радарот на скопскиот аеродром е повторно ставен во функција, соопшти денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, додавајќи дека проблемот бил решен во рекордно време за само три дена.

Проблем со радар, стар 27 години, беше разрешен за само три дена. Седум години никој не се грижел за резервни делови, бидејќи нивното производство престанало уште пред седум години.

  • „Се соочивме со проблем, но благодарение на професионалците успеавме во рок од три дена да го решиме и да го ставиме во функција“, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во своето гостување на ТВ Сител.

Тој истакна дека со одлука на Владата ќе биде обврзан М-НАВ да започне со работа и во период од неколку месеци целосно да го стави во функција новиот радар. „Со одлука на Владата ќе го задолжиме М-НАВ да почне да работи и очекувам во еден период од неколку месеци целосно да го стави во функција новиот радар“, потенцираше тој.

Постојат стандардни тестирања, но М-НАВ ќе делува во рамките на потребното време за целосно ставање во функција на новиот радар. Во овој момент, имаме целосно функционални три радари, еден за охридскиот аеродром и два на скопскиот, со што е обезбедена целосна безбедност.

„Точно е дека се соочивме со проблем минатата недела кога откажа еден од радарите на скопскиот аеродром. Она што го откривме минатата недела е дека тој радар седум години работел на еден канал.“

Радарот е стар 27 години, а пред седум години престанало производството на резервни делови, и во текот на тие седум години не биле обезбедени делови, што претставуваше дополнителен проблем.

  • „Успеавме проблем кој што се ставал под тепих 27 години да го решеиме за три дена“, изјави Николоски.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

Најнови вести

To top