Свет

Израел под притисок: Нетанјаху се извини за нападот во Доха

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го искористи денешниот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа за да упати официјално извинување до Катар

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го искористи денешниот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа за да упати официјално извинување до Катар поради воздушниот напад на 9 септември врз претставници на Хамас во Доха, кој предизвика силен гнев меѓу арапските лидери и ретка критика од Вашингтон кон Израел. По средбата, Нетанјаху телефонски го повика катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, при што Трамп учествувал во разговорот, соопшти Белата куќа.

На состанокот, Трамп и Нетанјаху разговараа за завршување на израелската војна во Појасот Газа и за американскиот план за управување со територијата по војната. Во извинувањето, Нетанјаху изразил длабоко жалење за ненамерното убиство на катарски војник во нападот, како и за нарушувањето на катарскиот суверенитет при таргетирањето на раководството на Хамас за време на преговорите за заложниците. Тој исто така потврдил дека Израел нема да повтори ваков напад во иднина.

Овој потег доаѓа во време на зголемена меѓународна изолација на Израел, губење на поддршката од традиционални сојузници и нестабилност во коалицијата на Нетанјаху, додека Белата куќа покажува знаци на нетрпение. Катар, како клучен посредник меѓу Израел и Хамас и домаќин на илјадници американски војници, го осуди нападот како „флагрантно кршење на меѓународните норми“, а Трамп претходно изјави дека тој „не е во согласност со интересите ниту на Израел, ниту на САД“. Извинетеот е клучен за продолжување на катарската медијација во преговорите за примирје и ослободување на заложниците, откако Катар одбиваше да учествува по нападот, во кој биле убиени неколку помлади членови на Хамас, но не и врвните лидери

Најнови вести од: Свет

Нетанјаху: Измислица се тврдењата за непријателство кон христијаните во Израел

Тврди дека Израел е единственото место во регионот каде што христијаните „напредуваат“, додека во соседните арапски земји биле „угнетувани, задушувани, а понекогаш и масакрирани“

Во една од најбогатите земји се враќа ќотекот како дисциплинска мерка во училиштата

Тој додаде дека училиштата ќе ја земат предвид зрелоста на учениците и ќе проценат дали таквата казна може да му помогне на детето да ја разбере сериозноста на своето однесување и да научи од своите грешки.

„Потполно неприфатливо“: Трамп го одби мировниот предлог на Иран

Иранскиот план повикува на прекин на војната на сите фронтови и предвидуваа САД да мора да платат воени репарации, а Техеран, исто така, побарал целосен суверенитет над Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и ослободување на запленетиот ирански имот

To top