Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ очекува 45-50 градоначалници, Левица одработува за ДУИ

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, ги кажа очекувањата на партијата

vmro-dpmne.org.mk

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, изрази очекување дека партијата ќе освои помеѓу 45 и 50 градоначалнички места, плус Скопје, на претстојните локални избори закажани за 19 октомври 2025 година, со можност за над 50. Тој истакна дека ова би било подобро од 42-те градоначалници од изборите во 2021 година, а според нивните анализи, СДСМ би добил од 0 до 6 места. За Левица, Мицкоски рече: „Не очекувам да освојат. Затоа што Левица, таму каде што кандидира свои кандидати, во најголем дел, а тоа се скопските општини и во градовите Тетово, Гостивар и Струга, теоретски не може да добијат поголем број гласови од кој било друг што се натпреварува на тие избори. Јасна е нивната стратегија, дека тие треба да бидат прокси за Демократската унија за интеграција.“

Во однос на советничките листи, Мицкоски очекува ВМРО-ДПМНЕ да освои 40-43% од гласовите, во споредба со 430.000 гласа од парламентарните избори на излезеност од над милион, но со можна дисипација поради независни листи и партии кои коалицираат на централно ниво, а самостојно во општини. „Се разбира дека гласовите на советничките листи се значајни и дека се некаков репер и патоказ, но очекувам да го освоиме тој процент помеѓу 40, 42-43 отсто од вкупниот број излезени гласачи. Тоа е во едно очекувано сценарио, иако кампањата сè уште не е почната, а очекувам дополнителна мобилизација од некој процент“, рече тој.

Мицкоски предвидува излезеност од 850.000 до 900.000 гласачи и над 400.000 гласа за ВМРО-ДПМНЕ, што би било историски најдобар резултат на локални избори. На прашањето за пад на поддршката од парламентарните избори, тој одговори негативно: „Не“, и додаде дека имаат дополнителен потенцијал, иако постои незадоволство од динамиката на реализација. „Се разбира дека во одредени кругови во јавноста можеби постои незадоволство од динамиката на реализација и испораката на резултатите. Некој ќе каже пребавно се случува, некој ќе каже апсете го овој, некој ќе каже судете го тој. Но, ние како Влада и како коалиција сме тука да испорачаме резултати и да одиме напред, а не да одиме назад како што тоа се случуваше во изминатите години. Ние не сме обвинители ниту, пак, судии… Ние можеме да направиме истрага и преку оние институции коишто ја вршат таа истрага да ја доставиме до Обвинителството. Од тој момент, па натаму правосудниот систем е тој што одлучува“, заклучи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top