Македонија

По 22 години бегство уапсен командант „Бреза“

По 22 години бегство, Хамди Бајрамовски, познат во јавноста како командант Бреза од селото Брест, синоќа бил уапсен на подрачјето на скопската населба Ченто. Бајрамовски со години се наоѓал на листата на најбарани лица, со распишана меѓународна потерница поради низа тешки кривични дела. Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата ја извршиле припадници на […]

По 22 години бегство, Хамди Бајрамовски, познат во јавноста како командант Бреза од селото Брест, синоќа бил уапсен на подрачјето на скопската населба Ченто. Бајрамовски со години се наоѓал на листата на најбарани лица, со распишана меѓународна потерница поради низа тешки кривични дела.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата ја извршиле припадници на Секторот за меѓународна полициска соработка.

„На 02.06.2025 на подрачјето на општина Гази Баба, полициски службеници го лишија од слобода Х.Б. (43) од Скопје. Лицето било барано по неколку потерници за издржување на казни затвор и за други постапки за тешки кривични дела“, соопштија од МВР за Плусинфо.

Хамди Бајрамовски е осуден на пет години затвор за разбојништво, како и на шест години за неовластено производство и трговија со дрога, а се терети и за низа други дела: изнуда, насилство, недозволено оружје и други.

По апсењето, тој веднаш бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Шутка, каде ќе ја доиздржи казната.

Името на Бајрамовски го привлече вниманието на јавноста и во 2005 година, кога при претрес во негов дом беа пронајдени огромна количина оружје – минофрлачи, гранати за РПГ, униформи, тенковски гранати и над 300.000 куршуми.

Полицијата тогаш го нарече „нелегална воена единица“.

Најнови вести од: Македонија

„Курир“: Рокас потврди дека може да има блокади и по ставање на Бугарите во Уставот! Само Филипче верува дека е тоа „последно барање“ на Бугарија!

„Венко Филипче и неговата екипа од СДС останаа единствените луѓе во Македонија кои веруваат дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последното барање на Бугарија. Ова директно го потврди и евроамбасадорот Рокас, кој не исклучи дека некоја членка на ЕУ може да нѐ блокира во преговорите со ЕУ!’ – пишува порталот „Курир во својата статија со наслов „Филипче и екипата останаа сами: И Рокас не исклучи дека НЕКОЈА ЧЛЕНКА МОЖЕ ДА НÉ БЛОКИРА И ВО ПРЕГОВОРИТЕ“.

Тошковски: Нека е за убаво, нека е за арно!

Министерот нагласи дека МВР нема да дозволи нарушување на јавниот ред и мир, ниту загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, потсетувајќи на инцидентите што се случувале о минатото за време на претходни прослави

ВРЕДИ: И Тирана потврдува дека албанскиот јазик напредува, додека пропагандата на ДУИ доживува фијаско

„Албанскиот јазик не е ниту тема за политички кампањи, ниту алатка за ширење страв кај граѓаните. Тој е стекнато право и заедничко добро на сите Албанци – кое се штити и унапредува преку конкретни дела, а не преку лажни аларми, велат од партијата

To top