Македонија

За ДУИ вчерашната конвенција на ВРЕДИ била „бледа“

Според интегративците салата „Борис Трајковски“ останала со „празни седишта“ и покрај, како што велат, „разулавената пропаганда и нелегалните притисоци“

 

Според ДУИ, салата останала со „празни седишта“ и покрај, како што велат, „разулавената пропаганда и нелегалните притисоци“. Партијата смета дека граѓаните не им веруваат на ВРЕДИ, па дури и нивните поранешни поддржувачи ги напуштиле, додека „вистинската жива атмосфера“ била присутна низ чаршиите во повеќе градови.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека промотивната конвенција на коалицијата ВРЕДИ која се одржа синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, јасно го покажала „политичкиот реалитет“.

Интегративците нагласува дека народот не одговорил на повикот да поддржи проект кој, според нив, ја изгубил секоја кредибилност и се претворил во „голема измама“.

Во соопштението, ДУИ наведува ветувања на ВРЕДИ не се исполнети.

„Ветуваа 2 500 вработени и 10 000 евра за секој граѓанин, а граѓаните добија нула, ветуваа Албанска академија на науките – го донесоа Додик и српските донации, ветуваа албанска банка – донесоа српска банка, ветуваа уставни измени и европска интеграција – го донесоа ’српскиот свет’, ветуваа национални програми – го донесоа српскиот МТЕЛ, ветуваа почитување на Охридскиот договор – го предадоа во рацете на путинистот Иван Стоилковиќ“,

Испраќајќи фотографија, за која велат дека е од синоќешниот митинг на ВРЕДИ од ДУИ додаваат дека „бледата конвенција“ е „најјасната фотографија на нивниот неуспех“. ДУИ тврди дека Албанците веќе ја донеле својата одлука и ја гледаат ВРЕДИ како „огранок на ВМРО кај Албанците“.

Од ДУИ додаваат дека се „единствената адреса на Албанците за силно, достоинствено и европско претставување“ на претстојните избори на 19 октомври.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top