Македонија

Мицкоски: На раководството на СДСМ не му веруваат ниту нивните традиционални гласачи

Мицкоски посочи дека е просто неверојатно колку овие луѓе се забегани и мислат дека со истите финти ќе успеат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Зрновци, меѓу другото, порача дека работите на политичката сцена во Македонија се јасни, дека опонентите преку измама сакаат да доберат до фотелјите, кои наместо за проекти и план, зборуваат со омраза и се служат со интриги.

Мицкоски посочи дека претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче се служи со истите лаги со кои се служеше неговиот претходник, Зоран Заев кој на времето ветуваше живот за сите, а Филипче сега ветува среќен живот.

„Ги слушам вчера изјавите на претседателот на СДСМ, каде ветува среќен живот. Тој пред него ветуваше живот, сега овој ветува среќен живот. Истите лаги, од исти луѓе. Уште едно ветување кое, исто така, го дадоа е подарокот кон нашиот источен сосед. Измислија нов подарок за ново предавство национално, кое сега го спакуваа во еден документ наводно патриотски предлог, наречен Резолуција со црвени линии за решение со нашиот источен сосед“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека е просто неверојатно е колку овие луѓе се забегани и мислат дека со истите финти ќе успеат, потценувајќи го народот да го прелажат.

„Мора да бидат казнети затоа што сакаат повторно да направат измама на ист начин и буквално со истите финти. Не се променети и затоа мора и овој пат да бидат казнети, бидејќи, очигледно дека лекцијата од април, мај 2024 година не ја научија“, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека резултатите од спроведените анкети говорат дека рекордни 83% од граѓаните не им веруваат дека се искрени во тоа што го зборуваат, што покажува дека дури ни традиционални гласачи се свесни дека не ја говорат вистината.

„Замислете што уште кажа претседателот на СДСМ. Тој рече, верувале или не, дека тие биле искрени. Ако правите анкета и ако ги прашате граѓаните дали мислат дека навистина овие од СДСМ се искрени и дали им веруваат за тоа што го зборуваат, рекордни 83 проценти ќе ви кажат „не“. И најголемиот дел од нив кога ќе ги потпрашате ќе ви кажат и брутално, а зинат лажат. Тоа е таа отсутност и обид да си кажат нешто, па ако им пројде – пројде. Дури и нивните традиционални гласачи се свесни дека не ја говорат вистината, што впрочем се гледа и од анкетите. И сега, тие продолжуваат бесрамно да зборуваат дека биле искрени. Човек просто не може да верува. Немам зборови“, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Милосављевиќ со торжествена возбуда до Секуловска: Ние сме фашисти, треба сите да не стрелаат!

,,Некој би рекол дека тврдењето засновано на прелистување социјални мрежи и лични фрустрации е еднакво глупо како и се останато што со децении излегува од подрумот на Фрчко, но јас сум сигурен дека греши”

Во Куманово одбележана 82-годишнината од убиството на народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош од страна на бугарскиот фашистички окупатор

Во спомен куќата на Христијан Тодоровски- Карпош во Куманово беше одбележан денот на неговото загинување – 7 февруари. По тој повод свежо свеќе положија членови на Сојузот на борците Куманово, Здружението на армиски и полициски ветерани, припадници на АРМ, установи, институции, политички субјекти. Христијан Тодоровски- Карпош загинал на 7 февруари 1944 во борбите против бугарскиот фашистички окупатор при нападот на военото и полициско упориште во селото Биљача, Прешево, објави информативниот портал „Куманово њуз“.

Ноќеска во Солун маскирани лица се судриja со полицијата, се користеa „молотови коктели“, шок-бомби и солзавец, приведени 309 лица!

Сериозни инциденти се случија во текот на ноќта пред Политехничкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун меѓу маскирани лица и полицијата, при што приведени се 309 лица, повреден е еден полицаец, а предизвикана е материјална штета на паркирани автомобили, јави МИА од Атина.

Најнови вести

To top