Свет

Руски дрон уби француски фоторепортер во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон се огласи на социјалните мрежи за да изрази сочувство до семејството на Антони Лаликан

 

Од дронот загина францускиот фоторепортер Антони Лаликан и беше ранет Георги Иванченко, фотограф на Киев Индепендент и член на Украинското здружение на професионални фотографи (UAPP), соопшти  Четвртата тешка механизирана бригада на Украина.

Рускиот дрон ги погоди Лаликан и Иванченко во град во регионот Донецк, изјави Сергеј Томиленко, претседател на Националниот сојуз на новинари на Украина.

Томиленко рече дека Антони Лаликан имал акредитација од француската агенција Ханс Лукас за работа на фронтот. Тој додаде дека Лаликан е третиот француски новинар убиен од Русите.

UAPP соопшти дека лекарите моментално го оперираат ранетиот Иванченко и дека неговата состојба е стабилна.

Францускиот претседател Емануел Макрон се огласи на социјалните мрежи за да изрази сочувство до семејството на Лаликан.

„Нашиот сограѓанин, фоторепортер Антони Лаликан, известуваше за украинската армија на првите линии на отпорот. Со длабоко жалење дознав за неговата смрт, жртва на руски напад со беспилотни летала. Им упатувам искрено сочувство на неговото семејство, неговите најблиски и на сите негови колеги кои, на свој ризик, нè информираат и сведочат за реалноста на војната“, напиша тој.

Антони Лаликан беше фоторепортер со седиште во Париз кој работеше за бројни медиуми, вклучувајќи ги Цајт, Ле Монд, Дер Шпигел и други. Тој известувал од Украина од 2022 година.

Георгиј Иванченко е украински фотограф кој работи како хонорарен репортер за медиумски и документарни проекти од февруари 2022 година. Во првите месеци од руската инвазија, тој почна да фотографира за Асошиејтед Прес и Европската агенција за фотографии на печатот (ЕПА).

Русија уби 130 украински новинари од почетокот на целосната инвазија, според Националниот сојуз на новинари на Украина.

Најнови вести од: Свет

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

Европа мора да постави трговска политика со Кина, предупредување од директорот на Институтот за германска економија

Ваквата ситуација се однесува и на трговските ограничувања, критично прашање за извозно ориентираната германска економија. Хитер оцени дека Европа мора да ја води својата трговска политика со поголема самодоверба.

Најнови вести

To top