Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи за бугарски интереси

Лидерот на СДСМ со новата резолуција сака да си отвори пат за правење на „бонбона бизнис зделки“со неговиот гуру Зоран Заев, на штета на македонскиот народ

Тој покажа и докажа дека за него се важни само личните интереси, по цена дури и да го понижи македонскиот идентитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ..

„Да потсетиме, Филипче ја формираше фирмата Пауер АИ8 ЛТД (POWER i8 Ltd) и истата ја регистрираше на адреса со фирмите на Заеви, меѓу кои и Гомасидра, каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола.

Потоа, ова криминално дуо, откако ги сврте овие 9 милиони евра, си отвори фирма во Дојран за производство на фотоволтаици. Прав бонбона бизнис“, се вели во соопштението.

„Филипче и Заев со својата соработка за бонбона бизнис интереси во Бугарија, се спремни да го докрајчат македонскиот народ, кој и онака изминативе години пропати баш поради нивните политики.

Затоа Филипче да престане да работи за бугарските интереси поради неговите бонбона бизниси, туку да работи за македонските интереси.

Бонбона бизнисите не се вредни за Филипче да го предаде македонскиот народ и неговиот идентитет“, се вели во сооштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top