Свет

Бабиш: Украина не е подготвена за ЕУ

Лидерот на движењето АНО, кое освои најмногу гласови на чешките парламентарни избори, одговари на прашање од украински новинар за неговиот став околу поддршката на Украина

 

„Три пати се сретнав со Зеленски. И го поддржав по анексијата на Крим“, одговори Бабиш. „Значи, ние ѝ помагаме на Украина преку ЕУ, ЕУ ѝ помага на Украина. Ова е вклучено во следниот европски буџет. Уплаќаме големи суми во европскиот буџет – и на овој начин ќе продолжиме да помагаме“.

Запрашан дали би ја поддржал Украина за приклучување кон ЕУ и НАТО, Бабиш одговори:

„Но, вие не сте подготвени за ЕУ. Прво мора да ја завршиме војната. Можеме да соработуваме со Украина, но вие не сте подготвени за ЕУ.“

Опозициската партија АНО на поранешниот премиер Андреј Бабиш извојува убедлива победа на чешките парламентарни избори.

Актуелниот премиер Петр Фиала објави дека му честитал на лидерот на опозициското движење за неговата победа.

Со преброени речиси 99,9% од гласачките ливчиња, движењето на Бабиш освои 34,58% од гласовите, додека централно-десничарската коалиција СПОЛУ („Заедно“) на премиерот Петр Фиала освои 23,32%.

АНО ќе има 81 место во чешкиот парламент со 200 места и ќе треба да формира коалиција за да ја преземе власта.

Бабиш се смета за кандидат да стане премиер на Чешка, но можеби нема да ја предводи новата влада. АНО не успеа да освои апсолутно мнозинство, па затоа ќе мора да формира владина коалиција.

Најнови вести од: Свет

Ормускиот Теснец ќе биде отворен, но ако Иран наплаќа такса

Техеран тврди дека трајниот мировен договор треба да му дозволи да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ теснецот, кои би варирале во зависност од видот на бродот, неговиот товар и преовладувачките услови

Паѓа рејтингот на Мерц, расте популарноста на АФД

Популарноста на германскиот канцелар драстично опадна во неговата прва година на функцијата, при што рекордни 77% од испитаниците во анкетата на INSA рекле дека се незадоволни од неговата работа, што е зголемување од 6 поени во однос на април.

To top