
Цената на огревното дрво оваа година достигна до 4.800 денари за кубен метар со вклучен превоз, што е зголемување во однос на ланската цена, кога дрвата се продавале од 4.000 до 4.500 денари.
Сопствениците на депоата велат дека побарувачката постојано расте, особено во пресрет на грејната сезона, објави Алсат
Но, се’повеќе граѓани се откажуваат од дрвата и преминуваат на клима и пелети. Бидејќи како што велат греењето е поекономично и со помалку отпад. Сепак, дел од граѓаните за Алсат велат дека се’ уште се греат на дрва.
Повеќе од половина домаќинства во земјава се греат на дрва, покажуваат податоците од последниот попис.
Од приближно 600.000 домаќинства, дури 312.000 користат огревно дрво – од кои речиси 150.000 се во урбани средини.
Дрвото останува најчесто користен извор на топлина – особено во урбаните средини и Скопје, каде што околу 55.000 домаќинства сè уште се греат на дрва.