Свет

Украинците гневни на свршеницата на Кулеба за советот да се греат со вибратори

„Ако нема греење, можете да се опкружите со вибратори и да се стоплите без проблем“, рече Павелецкаја во подкаст

По последните руски напади врз енергетските постројки во Украина огромен број домаќинства немаат греење и граѓаните се смрзнуваат на температури до -10 степени, па предлогот од Светлана Павелецкаја, свршеница на бившиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, предизвика еурпција од гнев низ земјата.

Зборувајќи во подкаст објавен во вторникот, Павелецкаја, бизнисменка и сопственичка на продавница за помагала за секс, зборуваше за неодамнешните иновации во индустријата за возрасни.

„Постојат играчки што ја регулираат температурата, а ние сега ги промовираме за студени вечери, бидејќи се загреваат до 38 степени Целзиусови. Ако нема греење, можете да се опкружите со вибратори и да се стоплите без проблем“, рече таа.

Кулеба (43) беше шеф на украинската дипломатија од март 2020 година до оставката во септември 2024 година, како дел од реконструкцијата на Владата, а сега живее во Полска.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top