Свет

Тројца научници ја добија Нобеловата награда за медицина

Одликувањето им е доделено за откритијата во областа на периферната имунолошка толеранција, кои отвораат можности за потенцијални нови третмани за автоимуни болести и рак

Американските научници Мери Брунков, Фред Рамсдел и Шимон Сакагучи се добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2025 година, објави „Ројтерс“.

Одликувањето им е доделено за откритијата во областа на периферната имунолошка толеранција, кои отвораат можности за потенцијални нови третмани за автоимуни болести и рак.

Добитниците во областа на медицината ги избира Нобеловиот комитет од Институтот Каролинска во Шведска и добиваат награда од 11 милиони шведски круни (1,2 милиони долари), како и златен медал што го доделува кралот на Шведска.

Брунков е виш програмски менаџер во Институтот за системска биологија во Сиетл, а Рамсдел е научен советник во Сонома Биотерапевтикс во Сан Франциско, чиј ко-основач е Сакагучи кој е и професор на Универзитетот во Осака, Јапонија.

„Овие откритија поставија темели за ново поле на истражување и го поттикнаа развојот на нови третмани, на пример за рак и автоимуни болести“, се вели во соопштението за доделената награда.

Нобеловите награди се основани од наследството на Швеѓанецот Алфред Нобел – пронаоѓачот на динамитот и богат бизнисмен.

Тие се доделуваат од 1901 година за исклучителен придонес во науката, литературата и мирот…

Со доделување на наградата за медицина, согласно со традицијата, започна доделувањето на овогодишните Нобелови награди, најпрестижните признанија во областа на науката, литературата, мирот и економијата, а другите ќе бидат објавени во наредните денови.

Најнови вести од: Свет

Петер Маѓар најави дека ќе ги „згасне“ вестите на државните медиуми

Секој Унгарец заслужува јавен медиумски сервис кој ја емитува вистината“, рече Маѓар на државното радио Кошут, каде што Орбан беше гостин секоја недела, додека опозициските политичари ретко беа поканети

САД не ѝ даваат иранска нафта на Кина, протеран кинески танкер

Потегот на Трамп сигнализира дека тој зазема бескомпромисен став во врска со блокадата и дека е подготвен да му се спротивстави на кинескиот лидер Си Џинпинг пред планираната посета на Пекинг за еден месец.

Операцијата „Епски бес“ на Трамп се претвори во „епски неуспех“

Демократите се повикаат на уставните овластувања на Конгресот во врска со вооружениот конфликт и ќе бараат гласање за резолуција што би го ограничило учеството на американската војска во конфликтот со Иран

САД повторно воведоа санкции на руска нафта

30-дневното олеснување од страна на администрацијата на Трамп, беше насочено кон намалување на глобалните цени на енергијата во услови на криза предизвикана од конфликтот меѓу САД и Иран и блокадата на Ормутскиот теснец

Милијардерот коосновач на текстилниот гигант стана најбогатиот магнат за недвижности во светот

И покрај огромното богатство, компанијата Pontegadea има само околу 90 вработени, а управувањето е концентрирано во тесен круг на семејството. Со оглед на тоа што оваа година се очекува да добие рекордна дивиденда од 3,8 милијарди долари од Inditex, аналитичарите сметаат дека Ортега ќе продолжи со агресивни инвестиции, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција како најмоќен играч на глобалниот пазар на недвижности.

To top