Македонија

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер

Венко Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер ?

Венко Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија? Прашува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Венко Филипче да не молчи и да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали кои неговиот ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, која сега ја злоупотребува својата положба во ЕУ и не блокира. Венко Филипче и СДС да кажат дали и зошто Зоран Заев понудил шема за купување на две големи фирми во Македонија од страна на фирми од Бугарија блиски до тој поранешен премиер? И дали една од тие фирми е една голема телевизија, преку која требало да се врши бугарска пропаганда во Македонија? Дали ова е дарот кој Заев го дал во замена за поддршка од Бугарија за СДС сега и во иднини? Логистички, финансиски и во секоја смисла? Дали тој поранешен премиер на Бугарија со кој Заев е во контакт стои зад кампањата на СДС? Венко Филипче е алатка во планот на Заев. Неговата таканаречена резолуција е само продолжеток на планот на Зоран Заев за потчинување на државата во однос на Бугарија, истакна Петрушевски.

Венко Филипче и Зоран Заев се фатени на дело. Се е јавно и јасно. Планот нема да им успее, народот ќе го казни на избори, додава Петрушевски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top