Свет

Израел спречи нова хуманитарна флотила да стигне до Газа

Ова е втор ваков инцидент за помалку од една недела, откако Израел заплени претходна флотила од десетици бродови

Израелските поморски сили пресретнаа Група бродови со хуманитарна помош за Појасот Газа биле пресретнати во меѓународни води, соопшти денеска меѓународната Коалицијата за флотила на слободата (FFC) која стои зад мисијата.

Ова е втор ваков инцидент за помалку од една недела, откако Израел заплени претходна флотила од десетици бродови, објави Ројтерс.

Коалицијата е мрежа на пропалестински организации и активисти кои организираат цивилни поморски мисии за пробивање на израелската блокада на Газа и доставување хуманитарна помош до цивилното население.

Министерството за надворешни работи на Израел ја потврди операцијата, велејќи дека бродовите и патниците се безбедни, биле префрлени во израелско пристаниште и ќе бидат депортирани што е можно поскоро.

„Уште еден бесмислен обид за кршење на законската поморска блокада и влегување во зона на воени операции заврши без успех“, соопшти министерството во соопштение на платформата X .

Од своја страна, организаторите на флотилата го обвинија Израел за „киднапирање на хуманитарна мисија“, велејќи дека учесниците – лекари, новинари и волонтери од различни земји – биле земени против нивна волја и се држат „во непознати услови“.

„Израелската војска нема законска надлежност над меѓународните води. Нашата флотила не претставува закана“, соопшти FFC.

Според коалицијата, бродовите превезувале медицински материјали, вентилатори и додатоци во исхраната во вредност од повеќе од 110.000 долари за болниците во Газа, кои се сериозно недоволно опремени.

Минатата недела, израелските сили запленија околу 40 бродови и повеќе од 450 активисти од слична хуманитарна мисија, наречена Глобална флотила Сумуд, која исто така се обидуваше да стигне до Газа.

Израел одржува блокада на крајбрежната енклава од 2007 година.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top