Македонија

Гаши го честита Курбан Бајрам

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го честита празникот Курбан Бајрам на граѓаните од исламска вероисповед. „Во мое лично име и во името на Собранието на Република Северна Македонија, Ви упатувам искрени честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам. Овој светол ден на жртвувањето нè потсетува на важноста на верата, добрината и грижата за ближниот. Нека […]

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го честита празникот Курбан Бајрам на граѓаните од исламска вероисповед.

„Во мое лично име и во името на Собранието на Република Северна Македонија, Ви упатувам искрени честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам.

Овој светол ден на жртвувањето нè потсетува на важноста на верата, добрината и грижата за ближниот. Нека празничните денови внесат духовен мир, здравје и изобилство во Вашите домови, а солидарноста и милосрдието што ја одликуваат бајрамската традиција послужат како поттик за уште поголема меѓусебна почит и заедништво во нашето мултикултурно општество.

Убеден сум дека, со заедничка посветеност, сите ќе продолжиме да го јакнеме соживотот, толеранцијата и хуманоста во нашата држава. Собранието останува цврсто посветен партнер во унапредувањето на слободата на вероисповед и во градењето општество на еднакви можности за сите.

Нека Курбан Бајрам Ви донесе радост, благосостојба и благослов во секое семејство“, пишува во честитката.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top