Македонија

За злоупотреби и физичко насилство врз старите лица ќе реагира државата

Министерството за социјална политика информира дека дел од старите лица се сместени во своите семејства, а дел се во државните домови за стари

freepick.com

 

„Министерството за социјална политика, демографија и млади е во постојан контакт со семејствата и со поставените старатели за превземање на корисниците. Дел од корисниците се прифатени од своите семејства, додека за одредени корисници се отворени вратите на државните старски домови и на Клиничката болница во Скопје, доколку е утврдена потреба од лекување“– одговорија од Министерството на прашањето на Плусинфо дали се сместени сите корисници на двата старски дома.

Од министерството велат дека инспекциската служба при министерството врши редовни, вонредни и контролни инспекциски надзори согласно донесена Годишна програма и истите се утврдени со месечни планови за работа.

„ Контролите се вршат во согласност со Законот за социјална заштита и подзаконските акти донесени врз негова основа, а се однесуваат на исполнувањето на нормативите и стандардите за простор, опрема и кадри потребни за непречено функционирање на установата и грижа за старите лица – велат од министерството.

Во моментов во Македонија функционираат 5 јавни установи за вонсемејна заштита на стари лица со сместувачки капацитет од 654 корисници, објави Плусинфо.

Им давале храна со поминат рок и лекови што не ги препишал лекар – детали од истрагата во старечките домови

 

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

To top