Македонија

Лукровски ветува ред и развој за Карпош со амбициозна програма

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за општина Карпош истакнува дека изминатите четири години општината доживеала целосен пад, со хаос и безредие наместо реализација на проекти и подобрување на квалитетот на животот

facebook.com/SotirLukrovskiKarpos

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за општина Карпош истакнува дека изминатите четири години општината доживеала целосен пад, со хаос и безредие наместо реализација на проекти и подобрување на квалитетот на животот. Партијата го промовира Сотир Лукровски како кандидат за градоначалник, за кој велат дека е „човек кој ќе се однесува домаќински со општинските пари, ќе ги решава проблемите на карпошани и ќе ги слуша нивните барања“. Според партијата, Лукровски има план, визија и стратегија за да ја направи Карпош зелена, чиста и модерна општина.

Во својата програма, Лукровски ветува изградба на нова рекреативна зона наречена „Карпош хајкинг делта“, со пешачки и велосипедски патеки, летниковци и пошумување со 10.000 нови садници. На површина од половина милион квадратни метри планира да се изгради мегазабавен парк „1020“, кој ќе вклучува модерен спортски центар, картинг-патека и комплекс за мини-голф покрај реката Лепенец. „Тоа ќе биде простор за спорт, адреналин и за рекреација, отворен за сите генерации, но и ново обележје што ќе го стави Карпош на мапата на модерните општини“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

За решавање на сообраќајниот метеж, Лукровски планира изградба на 600 нови паркинг места. Покрај тоа, преку апликацијата „МОЈ Карпош“ граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а надлежните веднаш да реагираат. За најмладите се предвидува изградба на нова детска градинка и проширување на постоечките, додека субвенциите за реконструкција на фасадите на зградите ќе овозможат поголема енергетска ефикасност, пониски сметки и поубава урбана слика. Исто така, се планира изградба на два затворени училишни базени за пливање и рекреација на децата.

„Вие граѓаните одлучувате дали работите ќе се променат на подобро или Карпош ќе продолжи да тоне во ѓубре и смет. Промените се во вашите раце, затоа ги повикуваме карпошани на 19 октомври да излезат и да гласаат за вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина, Сотир Лукровски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Заокружи 9“, порачува партијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top