Македонија

Филипче ќе прави тест за дрога по две основи ако Лекарската комора ја прифати идејата на Златев

Интересна но многу ризична идеја

Лидерот на СДСМ Венко Филипче ќе треба да прави тест за дрога по две основи ако Лекарската комора ја прифати идејата на уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев.

Златев реагира на потегот на Лекарската комора која испитувала дали да му ја одземе лиценцата на докторот од кој што излезе снимка како шмрка кокаин дома.

Во тој контекст новинарот се прашува дали ќе има кој да не лечи ако се прават тестови за дрога кај сите лекари и бара тестови за кокаин да се прават меѓу другите и за полицајци, судии и политичари.

,,Видете, па што не ги тестирате сите лекари за кокаин и не им ја одземете лиценцата на тие што ќе бидат позитивни? – ќе остане ли кој да не лечи?
А да ги испитаме сите инспектори во МВР? Обвинители? Административци? Судии? Политичари?
Вистината е дека во Скопје, цела општествена “елита” шмрка со години! Сељачаната кај нас е како во Америка во 80ти…
Да не шмркавте, Шеваљ сега ќе садеше зелки во Грчец, но, бидејќи сите сте наркомани – тој е милионер во Дубаи”, пишува Златев.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче кој побара темелно да се испита случајот со директорот на Неврологија Игор Кузмановски засега молчи за идејата лекари и политичари како него да прават тест за кокаин.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top