Спорт

Вардар тргна со победа над Сесвете во Европската лига на ЕХФ

Двократниот европски ракометен првак славеше со 34:29 над хрватскиот претставник во СЦ „Јане Сандански“

Ракометарите на Вардар го совладаа Сесвете од Хрватска со 34:29 пред своите навивачи на стартот од групната фаза во Европската лига на ЕХФ.

Двократниот европски првак имаше водство и контрола во најголемиот дел од мечот во арената „Јане Сандански“, на полувреме замина со предност од 19:15, но на почетокот на второто им дозволи серија од 6:0 на гостите и израмнување на 21:21, пред да се „разбуди“ и да ги врати работите на свое место.

Дмитро Хориха беше прво име во составот на Иван Чупиќ со 7 гола од 9 обиди, пред Николас Боно со 6/7, Мишел Тузолана со 6/9, Виктор Јанковски со 4/4 итн.

Најнови вести од: Спорт

Најнови вести

To top