Македонија

Кандидатот за претседател на Студеничани од Вреди Бислими: ДУИ ги измамуваа жителите, но јас ќе го решам проблемот со водата за пиење!

„Секоја кампања, исто ветување, иста измама. Доста веќе со тоа!“ – порача Седат Бислими.

„Кандидатот на Вреди за претседател на општина Студеничани Седат Бислими преку фејсбук порача дека проблемот со водата за пиење ќе биде прв приоритет на неговото локално владеење, ако ја добие довербата на граѓаните.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.

Натаму порталот наведува: „Сите знаеме што се ветува со години во нашата општина, особено за водата за пиење. Секоја кампања, исто ветување, иста измама.“ – напиша Бислими, додавајќи дека граѓаните се во право кога велат „доста веќе со зборови“. 

Тој вети конкретна акција уште од првиот ден од мандатот. „Ќе се формира работна група со инженери и експерти за конечно решавање на проблемот со водоснабдувањето во секое село од општина Студеничани.“ – нагласи Бислими во својата објава преку општествената мрежа.

Бислими нагласува дека не ја бара довербата на граѓаните преку зборови, туку преку резултати: „Не сакам да ја освојам вашата доверба со ветувања, сакам да ја освојам со првата работа и првиот резултат. Бидејќи, за мене, водата не е луксуз, таа е основно право што треба да го има секое семејство во оваа општина.“

Најнови вести од: Македонија

Бујар Османи ја кодоши Македонија пред меѓународната заедница

Тврди дека Владата погрешно ја претставува природата на студентските протести, етикетирајќи ги како партиски, а ваквите обиди за заблуда, како што вели, не ја одразуваат вистинската грижа на студентите кои се директно поврзани со спроведувањето на постојните права.

To top