Македонија

Регионот анализира до каде е Зелената агенда и што треба да се стори – Лашкоска на министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан

Успешната имплементација на Зелената агенда зависи од активно вклучување на граѓаните, особено младите, преку едукација и практични акции за заштита на животната средина

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, во рамки на повеќе панел дискусии, говорела на Вториот годишен министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан, кој се одржува од 14 до 15 октомври 2025 година во Дубровник, Република Хрватска, објавија од министерството за животна средина.

На состанокот учествуваат министри од сите земји од Западен Балкан, претставници на Европската комисија, земјите-членки на ЕУ, регионални организации, меѓународни партнери и граѓанското општество.

Главната цел на настанот е да се процени напредокот на Зелената агенда за регионот и да се утврдат конкретни мерки за следната фаза од нејзината имплементација.

Учесниците во Дубровник изгласале Декларација со која се зајакнува регионална координација за усогласување со Европскиот зелен договор. Наменската сесија за координација и финансирање на донаторите ќе се фокусира на инвестициските потреби и можностите за забрзување на зелената транзиција на регионот.

Во своето обраќање, Лашкоска потенцирала дека Македонија ја гледа зелената трансформација како процес кој влијае директно врз квалитетот на животот на граѓаните. Таа истакнала дека државата, во рамки на своите финансиски капацитети, континуирано вложува во чист воздух, заштита на реките и шумите, управување со отпадот и во едукацијата на младите, како клучни активности кои овозможуваат реално подобрување на животната средина.
Министерството за животна средина и просторно планирање, според нејзините зборови, не само што ги усогласува своите политики со европските стандарди, туку активно учествува во регионалната соработка со цел воспоставување на практични и ефективни решенија за заштита на природата.
Дискусиите исто така се фокусираа на финансирањето и инвестициските потреби за забрзување на овие процеси, со цел земјите од Западен Балкан да можат да ги реализираат своите проекти за одржлива енергија, инфраструктура и зачувување на природните ресурси, се вели во информацијата од Министерството за животна средина.

Лашкоска подвлекла дека успешната имплементација на Зелената агенда зависи од активно вклучување на граѓаните, особено младите, преку едукација и практични акции за заштита на животната средина. Таа истакнува дека овие иницијативи не само што го подобруваат квалитетот на животот, туку и создаваат култура на одговорност кон природата и идните генерации.

„Нашата држава останува посветена на создавање одржлива и чиста животна средина. Нашата работа се темели на конкретни политики, регионална соработка и активно вклучување на граѓаните, со цел забрзан, но одржлив економски развој и заштита на биодиверзитетот и природата за идните генерации“, порачала Лашкоска во еден од своите настапи.

Настанот во Дубровник, покрај размена на искуства и стратегии за регионално справување со пластичниот отпад и климатските промени, ја потврдила и посветеноста на нашата држава и целиот регион, да работат заедно на конкретни мерки и проекти кои обезбедуваат зелена и одржлива иднина.

Министерството за животна средина и просторно планирање продолжува со целосна посветеност на зелените политики и климатската отпорност, градејќи основа за одржлив развој кој долгорочно ќе обезбеди почиста, поздрава и поодржлива животна средина за сите граѓани, се вели во соопштението од министерството за животна средина и просторно планирање.

Најнови вести од: Македонија

Судиите и обвинителите пак бараат повисоки плати со само 2% доверба во правосудството

Судиите и јавните обвинители со уште еден обид за добијат повисоки плати во 2025 година и покрај тоа што од власта најавија дека ќе нема зголемување поради ниската доверба во правосудството. Овој пат користејќи го уставниот инструмент поднесени се иницијативи до ова тело да се оцену уставноста на донесената одлука во законодавниот дом во 2024 со која коефициентот им се намали во просек за 0,5 поени како дел од намалувањето на платите на функционерите заради реакцијата на јавноста за нагло зголемување на платите за 78% во 2023 и представува мешање во независноста.

Ѓорѓиевски ветува дека ќе нема толеранција за никого, па почна со казнети за оние кои свесно загадуваат

Секој што го загрозува здравјето на граѓаните ќе биде санкциониран, без грам толеранција. За здравјето нема компромис. Ниту за мене, ниту за вас, ниту за нашите деца, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Струјата поскапува од 1 јануари, но не многу – сметките ќе пораснат за околу 60 денари

Сметките за струја од 1 јануари идната година ќе се зголемат од 57 денари месечно за домаќинствата што трошат само во првиот блок, до 900 денари за оние кои влегуваат во најскапиот, четврти блок. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски појасни дека оваа одлука е конечна и донесена и покрај барањето на ЕВН хоум за значително поголемо зголемување на цената на струјата

To top