Македонија

Мицкоски: СДСМ се бори само за бизниси, тендери, зделки и профитирање на нечесен начин, а не за интересите на граѓаните

„Нивниот дом, за кој се борат се бизнисите, тендерите, зделките во четири очи, фабриките за марихуана, желбата да се профитира на нечесен и криминален начин.“ – нагласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски од митингот во Берово.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се обрати од вечерашниот митинг, одржан во општина Берово, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за претстојните локални избори на 19 октомври, истакнувајќи дека програмата е прецизна со јасни рокови и мерки насочени кон потребите на граѓаните. Toj се осврна и на опозицијата, која, како што нагласи, нема конкретни проекти и чија кампања се темели на нивниот учител Зоран Заев.

„Ние на овие избори излеговме со прецизна програма, со рокови, за прецизни работи неопходни за граѓаните, а од нив не слушнавме дословно ниту еден проект. Но слушнавме затоа за нови подароци кон нашиот источен сосед. Слушнавме за непринципиелни коалиции, слушнавме за соработка и ишарети со ДУИ, слушнавме дека судиите и обвинителите, оние истите со 2% рејтинг биле професионалци, но не само што слушавме туку и гледаме како кампањата им се потпира исклучиво на политичкиот гуру на нивниот претседател Венко Филипче, а тоа е Зоран Заев. Тој велеше дека ќе одел во политичка пензија, а гледаме како буквално грчевито се бори да си ја одбрани инвестицијата во СДСМ, исто како што ги брани инвестициите во Дубаи. За овие луѓе политиката е бизнис, а за нас е начин како да им помогнеме на граѓаните. И она што е толку очигледно е нивното разбирање за домот. Нивниот дом никогаш не бил нашиот дом, а тоа се маалата, улиците, игралиштата, парковите, срдечноста во погледот, во ракувањето и поздравот со секој еден од вас, во искрениот напор да направиме повеќе за Берово, повеќе заедничко за нашата татковина и преубава Македонија“, вели Мицкоски.

Мицкоски изјави дека СДСМ се бори само за бизниси, тендери, зделки и профитирање на нечесен начин, а не за интересите на граѓаните, како и дека се гледа нивниот политички крај и соочување со правдата.

„Нивниот дом за кој се борат се бизнисите, тендерите, зделките во четири очи, фабриките за марихуана, желбата да се профитира на нечесен и криминален начин. И знаат дека со секој глас повеќе, со секоја поддршка повеќе за нас, тие се готови, а така го гледаат во очи нивниот политички крај. А политичкиот крај значи и соочување со она од што најмногу се плашат, а тоа е правдата. Сето ова за што ви зборувам, драги мои, можевте да го видите на филмска лента во изминативе две и пол недели од оваа кампања за првиот круг на овие локални избори. Сосема извесно е дека со еден избор одите напред, а со друг се враќаме назад. Сетете се само на оние 7 години кога влада беа СДСМ и ДУИ. Со еден избор се борите за твоето маало, за твојата општина и заедничката иднина, а со другиот се борите за нивните лични интереси. Затоа на овие избори е пресудно и клучно најпрвин да излезете да гласате“, рече Мицкоски.

Мицкоски упати порака за излезеност на 19 октомври и поддршка за градоначалникот Петар Ружински, за големи проекти и развој на општина Берово.

„Затоа ве замолувам излезете на изборите на 19 октомври за неколку дена од денес, остварете го своето право, затоа направете го вистинскиот избор, а вистинскиот избор, убеден сум длабоко во себе овде во Берово е Петар Ружински. Петар е искрен и домаќин човек кој му треба на Берово – да се направат промени и големи проекти кои ќе ги решат дел од проблемите на овој преубав град на истокот“, заклучи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(ВИДЕО) Опсада кај „Охис“: Полициски конвои влегоа во фабриката по запленувањето на 5 тони марихуана

Големата полициска операција во кругот на поранешната фабрика „Охис“ продолжува со засилен интензитет. Попладнево, колона од десетина комби-возила, шест камиони и бројни полициски единици влегоа во објектот кој е под опсада уште од синоќа. Акцијата е директно поврзана со минатонеделниот меѓународен скандал, кога српската полиција заплени пет тони марихуана. Истрагата на српските служби потврди дека огромното […]

Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно образование, државата им нуди можности на Ромите

Министереката денеска изјави дека на образованието на Ромите се посветува сериозно внимание со проектот „Деценија на Ромите“ и со други посебни проекти на МОН наменети за ромската етничка задница

Не може за едни 400, а за други 1.400 денари – Град Скопје става крај на повластените цени за паркинг

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави воспоставување на целосна дисциплина во секторот паркирање. Клучната новина е укинувањето на долгогодишната неправда каде администрацијата уживаше бенефиции на сметка на обичниот граѓанин.

Скапо или евтино е скијање во Австрија?! Македонец сподели искуство на социјалните мрежи

Додека голем број граѓани одлучија зимава да отпатуваат во ски центрите во регионот, како Копаоник и Банско, инфлуенсерот Стефан Спирковски замина во Австрија а за своите следбеници на Инстаграм сподели кратко видео во кое даде детален опис, колку навистина чини едно вакво уживање.

Скопје ќе биде модерен, чист, функционален и достоинствен град, рече градоначалникот

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека градот полека, но сигурно излегува од колапсот, хаосот и долговите создавани, како што рече, со години, со неодговорно владеење. Тој потенцираше дека тоа не е лесна задача, со тоа што му бил оставен Градот на работ од банкрот.

To top