Македонија

Сведок почина на судење во Основниот граѓански суд во Скопје

Нема индиции за насилна смрт

Во Основниот граѓански суд во Скопје, сведок починал за време на судење.

Станува збор за З.Д., кој ненадејно се онесвестил додека сведочел, по што веднаш е повикана Итната медицинска помош. И покрај брзата интервенција на медицинскиот тим, лекарите можеле само да констатираат смрт. Настанот предизвикал шок и вознемиреност меѓу присутните во судницата.

„На 14 октомври 2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција,“ информираат од полицијата.

Нема индиции за насилна смрт, а обдукцијата ќе ги покаже точните причини за ненадејното починување на сведокот.

Најнови вести од: Македонија

Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Ги развиваме автопатите и железницата, инвестициски циклус од неколку милијарди евра

Николоски во своето обраќање на глобалниот форум ”Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат

Ѓорѓиевски: Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје, најголемото зло, што му се случило изминативе десет години!

Денес на седницата на Советот на Град Скопје градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека „политичката партија Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје!“

Ќе се гради кружен тек кај Народна банка и две монтажни катни гаражи во рамки на Клинички центар

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека средствата се обезбедени без нови задолжувања и дека ќе бидат вложени во проекти кои директно треба да го подобрат секојдневието на граѓаните

Украина го нападна Туркстрим: Eдинствениот гасовод што го снабдува Балканот со гас, меѓу кои и Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро реагираше на украински напад врз инфраструктурата на гасоводот Туркстрим во Русија, оценувајќи го како сериозна закана за енергетската безбедност на Унгарија и пошироко.

Најнови вести

To top