Македонија

Започна вакцинација против грип: Министерот Алиу повикува на масовна имунизација

Министерството за здравство го означи стартот на кампањата за имунизација против сезонскиот грип, која се одвива на вкупно 35 вакцинални центри ширум земјата, вклучително и пет во Скопје

freepik.com

Министерството за здравство го означи стартот на кампањата за имунизација против сезонскиот грип, која се одвива на вкупно 35 вакцинални центри ширум земјата, вклучително и пет во Скопје. Веќе над 43.000 граѓани се регистрирале преку платформата vakcinacija.mk, а процесот на пријавување останува активен за сите заинтересирани.

– Голем е одзивот на граѓани кои досега се пријавија за вакцина против сезонски грип. Задоволен сум од покажаниот интерес, а воедно сакам да потсетам дека и понатаму е отворена можноста за пријавување, преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. Министерството годинава набави историски најголем број вакцини против сезонски грип – 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија. Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита на здравјето и очекувам бројката на пријавени лица за вакцинација да расте и во следните денови, порача министерот Алиу.

Програмата нуди бесплатни вакцини за ранливите групи: лица над 65 години, хронично болни, здравствени работници, бремените жени, деца од 6 месеци до 5 години, како и жители и персонал во домовите за стари лица. Оваа годинашна набавка од 80.000 дози на четиривалентна вакцина од Abbott (Холандија) претставува рекорд во бројот на достапни количини, со цел да се намали ризикот од компликации од грипот, особено кај ранливите категории.

Пријавите продолжуваат онлајн или преку матични лекари, а министерот истакнува дека вакцинацијата останува клучна превентивна стратегија, особено во контекст на сезонските болести и потенцијални комбинации со други респираторни инфекции.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top