Македонија

Бранејќи ја „чистата војна“ на ОВК, Ахмети ѝ се заблагодари на – „мајка Албанија“

Лидерот на ДУИ, роден во македонски Зајас и над две децении на власт во Македонија, „објави“ друга мајка на протестот во Тирана

Обраќајќи се на протестот во Тирана за поддршка на лидерите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) обвинети за воени злосторства, Али Ахмети, роден во македонското село Зајас и лидер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), која в недела пак ќе бара локална власт во Македонија, ѝ се заблагодари на – „мајка Албанија“…

„Ти благодарам Албанијо, ти благодарам мајко, што се однесуваше кон нас како кон ќерки и синови. Би сакал да го поздравам воениот генерал, претседателот Алфред Мојсиу, ослободителот кој дојде тука со еден век на рамената за да покаже солидарност со борците за слобода, бидејќи и самиот беше борец за слобода. Денеска сме заедно Тирана, Приштина и Скопје и нека бидеме секогаш вакви. Ги креваме нашите гласови за правда, за почит, за признавање на нашата праведна војна, за прагот, за слободата и демократијата, за независноста и пријателството со Америка и Европа“, рече претседателот на партијата што беше над две децении на власт во Македонија, но имал друга мајка.

„Драги браќа и сестри, потеклото на Косовскиот специјален суд е во измислените руско-српски извештаи за трговија со органи, кои неправедно предизвикаа возбуда во светот. Ова непостоечко прашање што излезе од кујните на српските служби со руските институции беше истражено и од Хашкиот трибунал и утврди дека не е вистина и ја затвори истрагата“, додаде тој.

Според Ахмети, поранешните водачи на ОВК не се судат лично и поединечно, туку колективно се оцрнува „чистата војна“ на ОВК, и ги повика сите Албанци да се приклучат на собирите во поддршка на војната на ОВК, бидејќи според него, таа војна била војна за ослободување.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

Денеска, на 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател во Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top