Македонија

ОЈО Струга оформи предмет по уривањето на спомен-куќата на Владо Малески

Спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна претставува значаен културно-историски објект во Струга, а нејзиното оштетување предизвика бурни реакции во јавноста

При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше урнат јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од спомен куќата на авторот на македонската химна Владо Малески во Струга.

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет во врска со уривањето на спомен-куќата која е заштитена како културно наследство. информираа денеска од Обвинителството.

„Во врска со предметот за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет и на 16.10 јавен обвинител изврши увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.

Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“се наведува во соопштението од ОЈО Струга.

Најнови вести од: Македонија

Поранешна македонска ракометарка е професорката фатена во криминал со издавање лични документи

Сѐ било однапред договорено – со утврдени цени, рокови и распределени улоги – со што бил создаден паралелен, неформален систем за побрз пристап до јавни услуги, на штета на принципот на еднаков третман на граѓаните

To top