Регион

Во 1956 година имало 187.789 Македонци во Бугарија

Ова го покажува тајниот извештај на американскиот Стејт департмент од 1965 година за границата меѓу Бугарија и Грција

Иако во 1965 година, извештите на Стејт департментот биле класифицирани документи, денеска тие можат да се отворат во светските архиви, дури и онлајн, објавува МКД.Мк

Според прталот, тајниот извештај на американскиот Стејт департмент од 1965 година за границата меѓу Бугарија и Грција, може да се најде во Националниот архив на Австралија или на www.naa.gov.au.

„Тој извештај од 1965 година претставува своевидна опсежна студија, може да се каже дури и научна, за етничкиот состав, потеклото, миграциите и историските контексти на Балканот, во обид да се дефинира тогаш актуелната состојба на границата меѓу Бугарија и Грција, и односите меѓу овие две балкански земји, денес членки на Европската Унија.

И во таа американска студија на Стејт департментот од 1965 година – потеклото на Бугарите е „класифицирано како Туранци, Монголци или Татари“, кои пристигнале подоцна на Балканот од другите народи или племиња, кои го изгубиле својот оригинален јазик и усвоиле друг јазик.

Извештајот на САД, цитирајќи го бугарскиот национален попис од 1956 година, го наведува вкупното население на Бугарија како 7.613.709 жители, од кои

Бугари – 6.506.541,

Турци – 662.018,

Роми – 197.865,

Македонци – 187.789.

Но исто така се нотира дека во таа 1965 година, „Бугарија сè уште одбива да го признае постоењето на македонска етничка припадност“, објави МКД.МК

 

Најнови вести од: Регион

Ужас во Истанбул, маж со месарски нож со го пресече гркланот среде бел ден, пред очите на шокираните минувачи! (Видео)

Драматичен инцидент се случи во населбата Фатих во Истанбул, кога непознат маж зграпчил месарски нож од киоск на брегот и си нанел тешки повреди, пресекувајќи го гркланот пред очите на минувачите. Мажот на пристаништето Сиркеџи викал дека е „Махди“ и си ги нанел тешки повреди пред очите на минувачите.

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Најнови вести

To top