Свет

Филмски грабеж во Париз(ВИДЕО)

Утрово, околу 9:30 до 9:40 часот, Лувр, најпосетуваниот музеј во светот, бил ограбен во спектакуларна акција во Париз, според француските медиуми

Утрово, околу 9:30 до 9:40 часот, Лувр, најпосетуваниот музеј во светот, бил ограбен во спектакуларна акција во Париз, според француските медиуми. Според „Ле Фигаро“, крадците пристигнале на скутери до зградата на Лувр, лоцирана во центарот на Париз. Користејќи кран поставен на кејот Франсоа Митеран, тие пристапиле до прозорец на првиот кат од музејот. Со моторни пили ги скршиле прозорците и две витрини во галеријата Аполо, каде се чувале „Наполеоновиот накит“ и „Накитот на владетелот“. Засега не е познато точно што е украдено.

По грабежот, музејот бил затворен, а посетителите и обезбедувањето останале заклучени внатре, според снимки и објави на социјалните мрежи. Француската министерка за култура, Рашида Дати, потврди дека грабежот се случил при отворањето на музејот и дека полицијата спроведува истрага. Лувр објави на Икс дека е затворен поради „вонредни причини“, без дополнителни детали.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top