Македонија

Филипче: Овој резултат не е тој што го посакувавме, но, имајќи ги предвид околностите, не е лош

Лидерот на социјалдемократите прогласи победа во три општини и водство во уште девет по првиот круг

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги прокоментира резултатите во првиот круг од локалните избори, според кои неговата партија добила три градоначалници и водела во девет општини.

„Честитки за добро организираниот изборен процес, со одредени забелешки. Им честитам на сите градоначалници што победија во првиот круг.

СДСМ освои 3 општини – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци, води во 9 – Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново-Облешево, Валандово, Крушево, Конче, Лозово и Росоман, и во уште неколку општини има второ место.

Овој резултат мислам дека не е тој што го посакувавме, но, имајќи ги предвид околностите, не е лош, посебно што, не насекаде, но во одреден број општини имаме зголемување на бројот на гласовите во однос на лани и тоа е доказ за процесот на консолидација на партијата, процес кој бара време и ќе продолжи во наредниот период“, изјави лидерот на СДСМ.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

„Генерално, ‘Стратегијата Македонија 2030’ е документ, што ја содржи визијата за тоа како ние, како ВМРО-ДПМНЕ, во моментов владејачка партија, а се надеваме и до 2030-тата ќе биде така, ја гледаме Македонија и кои се столбовите, врз кои ќе ја темелиме нашата политика и како политичка партија и како најголема политичка партија во рамки на Владата.“ – рече завчера на средба со новинарите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Денес во Кавадарци Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: отворање ново поглавје на опстојот и развојот на македонската држава со „Стратегија Македонија 2030“

„Стратегијата Македонија 2030“ ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Како генерација ние мораме да обезбедиме стабилна и просперитетна иднина на поколенијата, што доаѓаат. Сега е нашето време да ја ставиме својата цигла во нашиот заеднички дом – Македонија. ВМРО-ДПМНЕ повторно е прва политичка опција која го трасира патот кон иднината. Следуваат нови победи за Македонија и добра иднина за сите.“ – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе измисли и колонизација од марсовци за да предизвика паника

Ова обвинување „е уште една лага од фабриката на СДСМ, партија пред „само неколку години молчеше пред најголемиот мигрантски бран и ја претвори државата во транзитна зона без контрола“

Бугарскиот фашистички окупатор мртва ја масакрирал Невена Георгиева-Дуња (17) и главата на кол ѝ ја носел низ Велешко, за да го заплаши востанатиот македонски народ

Во декември 1942 година Невена Георгиева – Дуња, македонската револуционерка, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија од 1941 година, херојски ја положува својата неодживеана младост во темелите на македонската држава, загинувајќи на 17 години во борбата со бугарските фашистички окупатори. Но не била прогласена како народен херој и со тоа ѝ била нанесена несфатлива историска неправда.

Дрска провокација на Сила: Протестот во Скопје ќе се одржи со, или без поддршка од институциите на РСМ! – Не го поканивме Мицкоски да присуствува!

Дали потпретседателот на Организацијата на ветерани на УЧК од меѓународниот протекторат Косово Газменд Сила смета дека Република Македонија не е суверена држава, па си дозволува и тој и неговите содејци од нивната организација да организираат протест во држава, која нема никаква врска со нивните мотиви, поради кои сакаат да протестираат?! Или тие си мислат дека веќе можат да доаѓаат во главниот град на Македонија да протестираат, „со или без поддршка и дозвола на нејзините институции“, бидејќи ја добиле „главната дозвола и согласност“ на еден опозициски политичар и лидер на партија – Али Ахмети на ДУИ, кој не е никаков фактор да одлучува за такво нешто?!

To top