Македонија

Ѓорѓиевски: Одиме на голема победа во вториот круг, за иднина за сите

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, по гласањето во првиот круг од локалните избори и посочи дека Скопје избра иднина. Тој најави дека уште од денеска ќе разговара со сите кандидати и политички структури, кои не влегуваат во вториот круг.

Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење, порача денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по вчерашното гласање во првиот круг од локалните избори и посочи дека Скопје избра иднина.

– Од дното на моето срце, сакам да ви се заблагодарам за секој глас, за секој разговор, за секоја подадена рака и за огромната доверба што ми ја дадовте во првиот круг од овие избори. Резултатот е јасен и недвосмислен – Скопје гласаше за работа. Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење, истакна тој.

Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје избра иднина.

– Оваа победа и водство во првиот круг не е моја лична победа. Ова е победа на сите вас, кои верувате во развиено, европско и функционално Скопје. Вашата доверба е најголемиот мотив, но и најголемата обврска за мене. Вие испративте јасна порака дека нашиот град заслужува и може многу подобро – подвлече тој.

Притоа, потсети дека следува вториот круг од изборите.

– Првото полувреме го добивме убедливо, со огромна поддршка, но, натпреварот сѐ уште не е завршен. Работата мора да ја довршиме. Победата мора да ја потврдиме и да ја направиме уште поголема. Затоа, нема застанување. Уште од денес, продолжуваме со уште посилно темпо – најави Ѓорѓиевски.

Во наредните две недели, како што рече, заедно со неговиот тим, ќе биде присутен во секое маало, на секоја улица, во секој дом.

– Ќе разговараме со уште повеќе граѓани, ќе ја претставиме нашата програма и ќе ги слушнеме вашите идеи и критики. Сакам да упатам порака и до оние граѓани, кои во првиот круг не излегоа на гласање или го дадоа својот глас за некој од другите кандидати. Вратата на нашата граѓанска коалиција е отворена за сите. Нашата визија е обединето Скопје, а не поделен град. Ве повикувам да ни се придружите, да се обединиме околу идејата за подобро Скопје за сите нас – рече Ѓорѓиевски.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека уште од денеска ќе разговара со сите кандидати и политички структури, кои не влегуваат во вториот круг. Ќе понуди соработка, затоа што, како што истакна, на Скопје му треба работа, а не политика. Тимот кој ќе го водел Скопје, ќе биде составен исклучиво од најдобрите, рече Ѓорѓиевски.

– Овој град изгуби премногу време во експерименти. Доста е. Да ги засукаме ракавите и да покажеме дека треба работа. Ве повикувам за поддршка, во вториот круг да излеземе уште помасовно. Да ја потврдиме волјата на мнозинството и да ја запечатиме конечната победа. Ова е битка за развиено и функционално Скопје. Да ја добиеме сите заедно – порача Ѓорѓиевски.

На новинарски прашања, дали очекува поддршка од СДСМ и ДУИ во вториот круг, тој одговори дека очекува да го поддржат сите граѓани на главниот град.

– Не водам политика. Јас сум работник и сум човек од народот и затоа на целиот народ во Скопје му нудам подадена рака – одговори тој.

Притоа, додаде дека очекува во вториот круг, да расте излезеноста и поддршката. Ѓорѓиевски рече дека му се важни сите граѓани и најави рамномерен развој на градот.

Најнови вести од: Македонија

„Актуале“: Левица ја спаси ДУИ од поразот во првиот круг во Тетово и му даде надеж од две седмици на Бајрам Реџепи од НАИ

„Левица не се настапи со своја листа за пратеници во шестата, тетовско-гостиварска изборна единица на ланските парламентарни избори, но на годинашниве локалните избори учествуваше со свои кандидати во општините, каде што живеат и Албанци.“ – нагласува информативниот портал на албански јазик „Актуале“.

Вреди бара опозициската коалиција НАИ на ДУИ и Ахмети да го признае и да го прифати поразот на локалните избори

„Резултатот од локалните избори е јасен доказ дека Вреди е втор политички субјект во С.Македонија.“ – им порачаа претставниците на оваа коалиција од денешната прес-конференција на Али Ахмети и нивните коалициски истомисленици и содејци од опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција.

Меџити: Гласачите-Албанци го испратија Ахмети во политичка пензија, сфатија дека во опозиција зборува за Етничка Албанија и УЧК, а кога е во влада за Отворен Балкан!

„Ова е момент за размислување за ДУИ и за сите оние, кои раководеле долго време без промена. Им посакувам да се реформираат со идеи, со програми и со нови лица, за да бидат во иднина конкурентни на албанската политичката сцена во Македонија.” – изјави новоизбраниот претседател на општина Чаир Изет Меџити во интервјуто за ТВ А 2 СиЕнЕн од Албанија.

Конкурентни избори со вистински избор меѓу различни политички алтернативи, оценуваат меѓународните набљудувачи

Меѓународната мисија беше составена од 275 набљудувачи од 40 земји, меѓу кои 253 експерти на ОБСЕ/ОДИХР, 15 членови од Конгресот на Советот на Европа и седум европратеници

Најнови вести

To top