Македонија

Kaсами му порача на Таравари „да не му го врти грбот на Али Ахмети“, иако „е во клиничка смрт“!

Билал Касами го поучува Арбен Таравари дека „не е фер“ да му прави сега „нови политички маневри и екскурзии“ и на Али Ахмети, штом веќе стапиле во „предизборен политички брак од интерес“…

Билал Касами, градоначалникот на Тетово и кандидат од Вреди за повторен избор на оваа функција, во интервју за косовската „ТЕВЕ 1“, осврнувајќи се на резултатите од локалните избори, како и за коалицијата Национална алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, истакна дека „гласачите го осудија лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците Арбен Таравари за неговите политички игри“, додавајќи дека „Таравари е подготвен денес да му го сврти грбот на Али Ахмети“.

„Гласачот го осуди Таравари за неговите политички игри. Денес соочен со таквата ситуација, со клиничката смрт на Али Ахмети, Таравари е подготвен да му сврти грб. Но, Таравари треба да остане блиску до Али Ахмети. Штом влегоа заедно во битката, треба да останат до крај.“ – посочи Билал Касами.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Директорот на БЈБ Александар Јанев во Битола оддаде почит на загинатите припадници на полицијата

Станува збор за храбри луѓе кои, носејќи ја униформата и извршувајќи ја својата должност чесно, одговорно и без двоумење, ги положија своите животи во служба на државата и безбедноста на граѓаните

To top