Спорт

Хрватите го фалат Трајковски: Го напушти Хајдук, па со голчиште ги одведе Македонците во сериозна борба за СП

Донеодамнешниот фудбалер на Хајдук, Александар Трајковски, добива комплименти од сите страни во Хрватска за спектакуларниот гол за триумф на Македонија над Казахстан во Астана и за прво место на табелата во групата Ј на половина од квалификациите за Светското првенство 2006. „Блескав победнички погодок во 34. минута од натпреварот постигна поранешниот напаѓач на Хајдук, Александар […]

Донеодамнешниот фудбалер на Хајдук, Александар Трајковски, добива комплименти од сите страни во Хрватска за спектакуларниот гол за триумф на Македонија над Казахстан во Астана и за прво место на табелата во групата Ј на половина од квалификациите за Светското првенство 2006.

„Блескав победнички погодок во 34. минута од натпреварот постигна поранешниот напаѓач на Хајдук, Александар Трајковски, кој веќе се специјализираше за спектакуларни голови во репрезентацијата. Својот вкупно 23. гол во 94 настап во најмилиот дрес го постигна од прекрасниот волеј со кој ја дочека одбиената топка.

Во Хајдук 32-годишниот напаѓач играше минимално претходната сезона, но постигна неколку многу важни голови во завршницата од првенството, па многумина се прашуваат дали Гатузо требаше да му даде повеќе шанса, по што можеби и ќе останеше во сплитската екипа“, пишува „Гол.хр“ за стрелецот на 10 гола во 38 одиграни средби во белиот дрес.

„На Хајдук не му е добар, десет дена по заминувањето од ‘Пољуд’ маестрално погоди од волеј“, уште во насловот го фали Трајковски весникот „Јутарњи лист“.

Вториот стрелец на вечната листа на македонскиот национален тим, пред кој е само Горан Пандев со 38 гола, во моментов е без ангажман по заминувањето од Хајдук на крајот од мај, кога му истече двегодишниот договор со сплиќани.

Најчитани вести

Нема вести со доволно читања во последните 7 дена.

To top